Потресни снимки: Палестинско момче по име Халид ги бара телата на загинатите членови на семејството

October 23, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестинското момче по име Халид е снимено како ги бара своите најблиски меѓу телата на загинатите во една од болниците, јавува Анадолу.

Во воздушен напад врз градот Деир Ал Балах, во Појасот Газа, загинаа најблиските членови на семејството на Халид.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како Халид ги бара своите најблиски во болницата „Шехиди на Акса“, каде се чуваат телата на загинатите. Во шокантното видео Халид ги отвора вреќите за да ги препознае лицата на најблиските.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и блокада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, повеќестран ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел по копно, море и воздух. Се наведува дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Според досегашните податоци, во израелските напади врз Газа досега загинале најмалку 4.651 Палестинец, меѓу кои 1.873 деца.

Неодреден број луѓе останати се заробени под урнатините.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Косово: Британските војници во составот на КФОР патролираат долж граничната линија на Косово

Следно

Доделена државната награда „23 Октомври“

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop