Потресни фотографии од Газа: Семејствата се збогуваат со своите убиени деца

May 16, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Потресни снимки и фотографии пристигнуваат секојдневно од опколената палестинска енклава Газа. Во еден од израелските напади, кои беа извршени денес, повторно гледаме деца како жртви на израелските напади, јавува Анадолу.

Семејствата се збогуваат со своите малечки и роднини во баптистичката болница „Ал-Ахли“.

Најмалку 35.272 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година. Меѓу убиените има најмалку 14.944 деца и 9.849 жени.

Израел, кој е обвинет за геноцид, спроведува и блокада на Појасот Газа и не дозволува влез на хуманитарната помош што ги одржува во живот 2,3 милиони Палестинци таму.

Повеќе од седум месеци од почетокот на израелската војна големи делови од Појасот Газа се во урнатини, а 85 отсто од населението на енклавата се внатрешно раселени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гордан Јандроковиќ реизбран за претседател на хрватскиот Сабор

Следно

Мицкоски: Продолжуваат и разговорите со идните потенцијални партнери како коалицијата Вреди

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop