Во светот на бизнисот, каде што доминираат мажите, жените сè повеќе успеваат да се истакнат како визионерки, менаџери и лидерки.
Соња ТАНЕСКА
Никица Мојсовска Блажевски, извршна директорка на организацијата „Македонија 2025“, оваа година беше избрана за жена менаџер на годината – признание кое ја изненади, но и ја поттикна на размислување за сопствениот професионален пат.
“Се изненадив од оваа награда, но верувам дека е резултат на долгогодишна работа, во различни сектори, каде што секогаш водев тимови и се трудев да оставам напредок,“ истакна Мојсовска Блажевски.
Таа сподели дека ова признание е доказ дека нејзиниот лидерски стил и посветеност се препознаени и почитувани.
„Иако често сум критична кон себеси, ова признание е мотивирачко и за мене и за организацијата каде што работам,“ додаде таа.
Пречките на нејзиниот пат, како што сподели, биле слични на оние со кои се соочуваат многумина.
„Пречките постојат за сите нас , особено за оние коишто се од постарите генерации бидејќи сме се вработиле во период кога невработеноста била многу голема , мора да се докажете за да напредувате итн. и мислам дека она што најмногу ми помогнало, тоа е нешто што го влечам од спортот бидејќи бев професионален скијач, а тоа е дека имате цел , морате да ја постигнете, нависитна работите напорно за да тоа го направите , е сега во скијањето конкретно како индивидуален спорт секогаш морате напред да одите сами, меѓутоа низ својата кариера сум учела дека без тимот не можете да одите напред, а како жена би рекла дека е поспецифично, не знам дали би го дефинирала тоа како потешко, поспецифично во смисла на тоа дека морате да внимавате на многу аспекти и од начинот на облекување, до начинот на експресија, до оние забави или нетворкинг евенти, дали ќе бидете дел од тие или не, меѓутоа не сум почувствувала некој друг вид пречки, поточно дека сум била дискриминирана во однос на колеги при процеси на напредување,“ објасни Мојсовска Блажевски.
Во контекст на улогата на жените во бизнисот, таа истакна дека, иако не чувствувала директна дискриминација, се соочувала со специфични предизвици.
„Како жени, мораме да внимаваме на многу аспекти – од облекувањето до начинот на изразување. Освен тоа, улогата на жената во општеството често е обременета со стереотипи кои ја ограничуваат самодовербата и можностите за напредување. Знаете ако тргнеме од сите истражувања коишто се за успех на младите , како што се писа тим итн., сега кажувам еден пример, женските деца се секогаш подобри во математика и во наука, меѓутоа кога ќе видите колку девојчиња се запишуваат во СТЕМ образование или факултетит, тоа се многу малку, ,“ нагласи таа, додавајќи дека улогата на жената сè уште е оптоварена со традиционални очекувања.
Според неа тоа значи дека немаат самодоверба, тоа значи дека и општеството меѓутоа и во школите се развиваат стереотипи за која е улогата на жената во општеството, а и кога работи се смета дека жената е втор заработувач во едно семејство,
-Така што воопшто не е лесно да се биде жена и да се менаџира помеѓу сите тие работи или велиме во некои наши устражувања има голем а конкуренција за времето на жената, како да го потроши, дали со домот, дали на работа, дали со пријатели дали во грижа за себе, спортување, значи буквално многу работи на коишто треба да се посветите, а тоа е навистина тешко, вели таа.
Младите и патот кон ЕУ се главни предизвици за Македонија
Еден од најголемите предизвици за земјата, според Мојсовска Блажевски, е иселувањето на младите.
„Годишно околу 25.000 луѓе емигрираат, главно млади и високообразовани лица. Тоа е резултат на корупцијата, слабата инфраструктура и недостатокот на квалитетни услуги, што создава амбиент во кој животниот стандард е далеку под потребното ниво,“ истакна таа.
„Дури и кога платите се слични, младите се решаваат за емиграција поради квалитетот на животот кој е значително подобар во странство.“
Според неа, економските реформи и јасната визија за иднината се клучни за намалување на овој тренд.
„Потребни ни се стапки на економски раст повисоки од пет проценти и значително подобрување на јавните услуги. Но, најважно е да имаме јасна визија каде сакаме да одиме како држава и храброст да ги спроведеме неопходните реформи, Кога имате задоволен народ кога имате несиромашен народ полесно е да спроведете реформи коишто ќе доведат до уште повисок раст“ потенцира Мојсовска Блажевски.
Во однос на евроинтеграциите, таа изрази разочараност од застојот на патот кон Европската Унија.
„Јас бев член на тимот на Министерството за финансии во рамки на Владата уште во 2005 година значи кога го добивавеме кандидадтскиот статус 2006 година за започна економскиот дијалог со Евроспката унија, јас бев шеф на делегацијата од Македонија, четири пати годишно одевме во Европската комисија , преговаравме, разговаравме за сите проблеми, тогаш ја подготвивме првата претпристапна економска програма и тоа беше еден период во кој што бевме заедно со Хрватска и Турција , а Македонија беше најнапредна во процесот, Хрватска имаше големи проблеми со приватизацијата, Турција пак веќе беше некако и откажана од зачленувањето во ЕУ. Тие беа би рекла златни години за Македонија кога навистина правевме реформи и навистина одговаравме и имавме дијалог би рекла рамномерен и рамноправен со Европската унија со сите тогаш членки на унијата, вели таа.
Мојсовска Блажевски нагласува дека, иако предизвиците се големи, со јасна визија и посветеност, Македонија може да ја подобри економската состојба и да создаде амбиент во кој младите ќе гледаат перспектива дома.
–Сепак, мора да останеме на тој пат и да ги спроведуваме реформите паметно, бидејќи тие се неопходни за подобрување на владеењето на правото и намалување на корупцијата, мора да ни е јасно што значи влезот во во Европската Унија или кои се користите од тоа, дали навистина животниот стандард толку ќе се зголеми кога ќе влеземе во Европската унија, кој ќе биде патот, кои се трошоците на патот накај Европската унија, сето тоа мислам дека е многу малку разговарано и воопшто мислам дека и народот е разочаран и ќе биде разочаран на патот кон ЕУ. Заега граѓаните мислам дека сега тој пат или зачленувањето во ЕУ се гледа повеќе како можност за емиграција и за работа и живот во странство отколкуколку тоа ќе го направи животот во Македонија подобар, додава Мојсовска-Блажевски.
Таа вели дека верува дека ние од Западен Балкан ќе влеземе во ЕУ како група земји, а не поединечно, но за жал фрустрирачки е фактот дека како земја заостанавме на овој пат бидејќи поминавме низ различни фази, од исполнување на копенхашките критериуми, , предпристапна програма, , реформски агенди , патокази, меѓутоа на крајот сваќате дека сепак геополитиката и политиката е доминантна во процесите.
Планови за 2025 година
-Јас сум седум години извршен директор на Македонија 2025 се надевам дека ќе останам уште извесно време таму бидејќи навистина ја сакам организацијата и уживам во својата работа, да кажам и дека го прошируваме тимот, тоа значи дека уште повеќе сакаме да работиме, веќе сме десет лица , планираме и нови вработувања и тоа исто така кажува дека како организација сме фоксуирани и истрајни и понатаму ќе бидеме посветени на тоа Македонија да ја направиме или да помогнеме да биде подобро место за живеење и до аспект на компаниите и од аспект на граѓаните, вели таа.
Мојсовска-Блажевски најавува промени за следната година , останувајќи на интерната реформска агенда, со засилени програми за поддршка на бизнисии за поддршка на таленти бидејќи тоа е вистинскиот пат како да се постигне успех.
-Секогаше велиме дека ни се важни партнерства , сакаме да соработуваме и со други организации, вклучени сме доста и во застапување на интересите ма бизнисите меѓутоа доста работиме и со Владата и тоа во неколку области, главно дигитализација и се надевам дека во еден партнерски однос ќе успееме многу, а се надевам и дека Владата ќе остане посветена на економијата и на прогресот, бидејќи ние сме невладина организација можеме да помагаме, меѓутоа сепак креаторите на политиките оние коишто најмногу влијаат и врз амбиентот и врз напредокот иако нема да биде лесна година за нашата земја за Македонија.
ИЗВОР: racin.mk