Потпретседателот на ЕК ја критикуваше Евровизија за забраната на знамето на ЕУ: Подарок за непријателите на Европа

May 13, 2024
1 min read

Потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Шинас ја критикуваше одлуката на Европската радиодифузна унија (ЕРУ) да ги забрани знамињата на ЕУ за време на Изборот за песна на Евровизија, велејќи дека потегот е подарок за „непријателите на Европа“.

„Она што го направи ЕРУ е неверојатно“, изјави Синас за Политико.

Тој оцени дека одлуката на ЕРУ за првпат да се забрани истакнување знамиња освен знамињата на земјите учеснички на Евровизија не е навремено донесена, имајќи го предвид одржувањето на европските избори следниот месец, како и фактот дека таквиот потег следеше во време кога илјадници демонстранти протестираат против законот за таканаречените „странски агенти“ на улиците на главниот град на Грузија, Тбилиси, како знак, како што наведе тој, за поддршка на демократските вредности кои ЕУ ги претставува.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешниот шеф на Мосад, Коен, го критикуваше Бајден за прекин на испораката на оружје за Израел

Следно

Ердоган ги пофали мировните напори на Хамас, ги осуди нападите на израелската армија врз Рафа

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop