Потпишан кодекс за демократски и фер изборен процес

April 17, 2024
1 min read

Партиите се обврзаа дека ќе водат фер кампања за парламентарните избори. Со потпишувањето на Кодексот, како што вели првиот човек на ДИК, Александар Даштевски, учесниците во изборите ветиле дека ќе ги почитуваат принципите на демократијата.

„Се обврзувате дека ќе ги почитувате етичките норми во текот на изборниот процес, дека нема да користите говор на омраза во вашите настапи и други дејствија при спроведување на изборите, нема да вршите никаков вид на дискриминација по било која основа“, рече Даштевски.

Потписници на Кодексот беа и претставници на четирите најголеми парламентарно застапени партии и коалиции.

„Наместо да ги гледаме нашите политички опоненти како непријатели, треба всушност да ги соочиме фактите, аргументите и нашите програмски ветувања, а врз основа на тоа да покажеме и соодветна почит кон електоратот“, рече Сања Лукаревска, СДСМ.

„Посакувам мирна изборна кампања, мирен изборен ден. Посакувам дебатата да биде врз основа на аргументи и политиките, а не ‘ад хоминем’ и лични напади, на коишто за жал сведочиме во последниот период во кампањата за претседателските избори“, рече Тимчо Муцунски – ВМРО-ДПМНЕ.

Претставниците на ДУИ и на коалицијата „Вреди“ не дадоа изјава за медиумите. Токму тие, исто како и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, беа мета на критики од нивните опоненти кои претставуваат партии што не се застапени во Собранието. Причина беше финансирањето на изборната кампања. Дел од претставниците на партиите што беа присутни на настанот, како Стевче Јакимовски од ГРОМ, претставникот на Работничката партија, но и Јорго Огненоски од партијата Демократи не го потпишаа Кодексот. Тие негодуваат што четирите големи коалиции ќе делат колач за реклами тежок девет милиони евра, додека сите останати ќе добијат по осум илјади евра.

Претставници за потпишување на Кодексот воопшто не испратија партиите Левица, Единствена Македонија, Родина Македонија и Македонска ера – Трети суверенисти. Изборната кампања за парламентарните избори на осми мај, започнува вечерва на полноќ. На изборите ќе учествуваат вкупно 17 партии и коалиции.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Conquering Lion“ прославуваат 17 години со голема концертна роденденска забава

Следно

Фон Крамон: Србија да ги ослободи Косовците од граничните премини

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop