Посвежо време со пороен дожд и пад на температурата

September 26, 2025
1 min read

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а дневната во интервал од 16 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе изнесува 24 степени.

Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе опадне за 8 до 10 степени во однос на вчерашната.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скршената гитара при распадот на групата „Оејзис“ би можело да се продаде за 670.000 долари

Следно

Денес е Осветување на храмот на Христовото Воскресение

Latest from Blog

Наследник на медиумско царство во Норвешка и неговата бремена сопруга загинаа во мистеризна авионска несреќа во Гватемала

Неговата бремена сопруга Џудит Мазариегос (26) исто така загина во авионската несреќа. Семејството ја потврди смртта на двајцата за норвешкиот весник „Дагбладет“. Норвешкото Министерство за надворешни работи потврди само дека меѓу жртвите

Мицкоски: 63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку својот фејсбук профил, порача дека загинатите во трагедијата во Кочани засекогаш ќе останат во нашето сеќавање. -63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 приказни што прерано запреа,
Go toTop