Поставени првите подземни контејнери во Општина Чаир, Меџити најави нови 50 до крајот на годината

February 15, 2026
1 min read

Општина Чаир започна со поставување подземни контејнери за отпад, проект кој има за цел да воведе повисоки стандарди за урбана хигиена и уредување на јавниот простор.
Како што информира градоначалникот Изет Меџити, денеска во населбата Фуше Топана е промовирана шестата локација со подземни контејнери, поставени во соработка со директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Драги Митковски.

Досега се поставени контејнери на пет локации, при што секоја содржи по три подземни садови за отпад. Со новата поставка, во општината моментално функционираат 15 подземни контејнери.

Од општината најавуваат дека до крајот на годината системот ќе биде проширен на вкупно 15 локации, со повеќе од 50 подземни контејнери во употреба.

Според Меџити, новиот систем ќе значи помалку отпад на улиците, намалени непријатни мириси, повеќе простор за пешаците и почиста животна средина за жителите.

„Чаир добива нов изглед и се движиме кон европски стандарди со инвестиции што се гледаат и резултати што се чувствуваат секојдневно“, порача градоначалникот.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсенал за едно полувреме си го обезбеди осминафиналето во ФА Купот

Следно

УХМР: Претпазливо движење покрај реките и сууводолиците низ Македонија

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop