Последен ден од кампањата за првиот круг од Претседателските избори

April 22, 2024
2 mins read

Во последните денови од кампањата за претседателските избори, кандидатката Гордана Силјановска Давкова од скопска Гази Баба, истакна дека последиците од актуелната власт уште долго ќе се чувствуваат и кај нив, како што вели, нема европски вредности. Таа нагласи дека како претседател ќе го користи почесто своето право на обраќање пред пратениците.

„Ќе се обидам во Собранието да ги адресирам, не моите, туку вашите проблеми пред пратениците. Ќе ги замолам да водат сметка за нив во донесувањето на законите и одлуките“, рече Давкова.

Кандидатот за претседател од албанската опозиција, Арбен Таравари ја презентираше својата програма пред гостиварчани. Тој нагласи дека токму во овој градот во кој е градоначалник очекува да постигне значајна предност за разлика од своите противкандидати.

„Во среда се гласа и се работи лично за мене. Знам дека вие секогаш сте ме поддржувале, во секоја политичка битка и не се сомневам дека пак ќе го дадете својот максимум, во Гостивар да ја направиме разликата уште поголема“, рече Таравари.

На централниот митинг во Скопје, кандидатот за претседател Стево Пендаровски нагласи дека тој никогаш не давал лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата, а граѓаните ќе успеат да препознаат чија програма е остварлива за реализација.

„Најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели единаесет години. По повеќе од три децении независност убеден сум дека македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето“, рече Пендаровски.

На последниот ден од кампањата, кандидатот Бујар Османи оцени дека водел позитивна кампања. На средба со млади активисти и поддржувачи, тој побара од нив да внимаваат на лажните вести и активно да учествуваат во политичкиот живот.

„Тоа се системски, добро смислени инструменти, и на глобални сили, на регионални сили, но и внатрешни сили коишто сакаат да ја минираат довербата на граѓаните кон институциите, коишто сакаат да ги пасивизираат младите од учество во политичката активност“, рече Османи.

Својата кампања,кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски денеска ја продолжи на средби со граѓани во скопската општина Шуто Оризари. Тој вети дека активно ќе се залага за доследно почитување на законот за извршителите, со цел, како што додава, да се спречи нивното дивеење.

„Јас како претседател на Република Македонија ќе инсистирам овој закон дословно да се почитува и да се стопира ова дивеење на извршителите, затоа што се во најсериозна опасност 83 илјади семејства и тоа сѐ се сиромашни семејства со ниски примања“, рече Јакимовски.

Кандидатката Билјана Ванковска на социјалните мрежи напиша дека кај неа постои чувство на одговорност, особено земајќи ја предвид ситуацијата во која се наоѓа светот. Според неа, на Македонија и треба претседател кој ја гледа глобалната слика. Таа кампањата на средби со граѓани ја продолжува во Кичево и Гостивар.

Кандидатот Максим Димитриевски пак, на социјалните мрежи истакна дека е кандидатот којшто ќе биде претседател од, за и со граѓаните. Својата кампања тој ја продолжи во југоисточниот регион на земјава, односно во Радовиш и Струмица.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

КАРЛЕУША ЦЕЛОСОНО ГОЛА: Градите ги прекри со рацете, а за таму долу немаше со што – па ги почести милионските следбеници, глетката не е за тие со слабо срце (ФОТО)

Следно

Раскол во српската опозиција по одлуката на дел од партиите да не учествуваат на белградските избори

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop