После свадба, тапани: ДУИ се огради од Груби, на ред ли е СДСМ од Филипче?

December 22, 2024
2 mins read

По историскиот пад на рејтингот и губењето на неприкосновеноста кај албанскиот електорат по цели 22 години, дури и ДУИ сфати дека мора да се огради од делувањето на довчерашниот втор човек во партијата и десна рака на Али Ахмети. Народот, за ваквите задоцнети реакции вели „После свадба, тапани“.

Вчерашната поразителна анкета на МКД.МК, која покажа дека интегративците веќе не владеат суверено кај албанските гласачи, го вклучи црвениот аларм на Мала Речица. Црвен аларм кој требаше да дојде по ставањето на Ахметовиот миленик на Црната листа на САД, но чин кој не се случи. Првиот жолт картон, пак, беше со Мерко.

Што изјави Ахмети по битисувањето на Артан Груби на Црната листа? Ништо остро, нити го исклучи, најмалку искара.

„Груби е совесен и одговорен, нема потреба партијата да го отстрани, тој сам ќе се повлече од сите партиски функции“, изјави Ахмети пред само 11 дена за својот пулен и според многумина, несуден наследник.

Во меѓувреме, резилот со бегството од земјата зачинет со нов, мега-криминал во Лотарија на Македонија, ја запечати политичката судбина на Груби. Дали натамошната НЕ/реакција на Ахмети околу политичкиот посинок го стори истото и со ДУИ?

Соочен со срамот, Артан тогаш најави дека ќе се врател дома. Во свој стил, преполн со чалам и ароганција, дури и ги искара новинарите да не шпекулираат. –„Патував во приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Веднаш штом ги завршам обврските, ќе се вратам дома кај моето семејство“, напиша Груби пред шест денови. Потсмешливото прашање е: Колку време ќе му треба за да си ги „заврши обврските“?

И повторно, Ахмети не кажа ништо за својот пулен.

Откако, Меџити соопшти дека Груби преминал во Албанија (сигурно, по нови „обврски“), дури тогаш ДУИ смогна сили да каже нешто бенигно за својот екс потпретседател и миленик на Командантот. Кратко и јасно од партијата на Ахмети срамежливо соопштија дека Дуи нема да коментира за тоа зашто Артан Груби веќе не е дел од Дуи.

Веројатно, со задоцнетата екскомуникација на Груби, Мала Речица мисли дека ќе си го врати членството кое наголемо тропа на вратите на ВРЕДИ. Тенденција која ја потврди и последната анкета на МКД.МК.

Дали, соочени со истото засилено тропање на портите на ЗНАМ и Левица на социјалдемократското членство, ќе се свестат и СДСМ, некогаш „државотворна“ партија (како милуваат да се нарекуваат) и ќе сторат нешто контра слободниот пад во кој Бихаќка се најде по доаѓањето на Венко Филипче?

Катастрофалниот и досега историски невиден сооднос на рејтинзите меѓу лидери на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, треба да го вклучи истиот црвен аларм кој наголемо блеска во ДУИ. Над седум ипол наспрема еден е вистински резил за СДСМ, кој освен со Филипче кој се најде на исто ниво со Димитриевски кој има партија стара една година, првпат во историјата се најде на бедно, четврто место на партиски рејтинг, далеку (над 5 пати) зад ВМРО-ДПМНЕ, но и зад ВРЕДИ и ДУИ.

Дали смената на Филипче со нов, неискаљан лик без десетици афери зад себе, ќе го подобри девастираниот рејтинг на некогаш, владејачката партија, која сега ита кон пасокизација и намалување и на онака бедниот број пратеници во собранието и влијанието на македонската полтичка сцена?

Експерите велат дека со смена на актуелното раководство, сигурно нема да се случи чудо, но и дека и најдолгиот пат (во овој случај – пат за враќање да се биде каков-таков фактор во Македонија) почнува со првиот чекор. Прашуваат, тогаш чуму да не се направи овој прв чекор, да се излезе од Заевата матрица и за промена, да сфатат дека рибата, секогаш и за век и веков, смрди, смрдела и ќе смрди од главата…

Љупчо Цветановски

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Писториус предупредува на хибридна закана од Русија

Следно

Ријад Шаќири со сексистички навреди кон Илире Даути: Да беше маж…

Latest from Blog

„Опасниот момак“ од филмовите на Тарантино: Улогите по кои ќе го паметиме Мајкл Мадсен

Мајкл Мадсен, познатиот американски актер најпознат по своите улоги во филмовите на Квентин Тарантино, почина на 68-годишна возраст поради срцев удар. Смртта на актерот ја потврди неговиот менаџер Рон Смит, а Мадсен

Сиљановска Давкова: Никаде не пишува до кога мора да се направат уставните измени

Предлогот за уставни измени со одложено дејство, експерти и многу челници на ЕУ го оцениле како извонреден. Ништо не губи никој, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова, посочувајќи дека во преговарачката рамка не

Во првото коло се елиминирани 13 носители

Нова историја е испишана на традиционалниот тениски гранслем-турнир Вимблдон, откако рекордни 13 од 32 носители на турнирот во машка конкуренција се елиминирани во првото коло. Со тоа е израмнет рекордот на гранслем-турнирите

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево
Go toTop