После неуспехот Мицкоски се премисли – не бил диктатот бугарски туку европски

September 26, 2024
2 mins read

За премиерот Мицкоски одлуката на Брисел за одвојување на Тирана и Скопје на патот кон ЕУ, е „лоша порака за македонскиот народ“.

Уште вели дека таа одлука не била израз на „европски вредности“.

Премиерот посочува дека се неправедни условите коишто и се наметнуваат на земјата, иако тие се познати повеќе од две години и не се вчера донесени во Брисел.

Не е јасно на кое „огромно мнозинство“ се повика Мицкоски во својата изјава кога вели „го делам впечатокот со огромното мнозинство македонски граѓани дека не треба повеќе врз основа на национални отстапки, без гаранции, да прифаќаме услови“, но истакнува дека одлуката на ЕУ била – диктат.

Сега, откако две години ги блокираше уставните измени и откако доживеа пораз неговиот „Француски предлог плус“, Мицкоски се премисли – не бил диктатот бугарски туку европски.

Иронијата да биде поголема, постапките на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, всушност, беа причина за билатерализација на целиот процес зашто упорното спротивставување на Преговарачката рамка, којашто е ЕУ документ, ја туркаше нашата евроинтеграција во „бугарски раце“.

На тоа денеска го потсети и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој оцени дека „најголемата трагедија е што ВМРО-ДПМНЕ всушност сака повторна билатерализација на европскиите преговори и спорот со Бугарија“.

„Треба на сите да им е јасно, спорот со Бугарија не беше веќе билатерален. Со тешки маки успеавме од билатерален спорот да го донесеме во рамки на преговорите со ЕУ и ние веќе не преговараме со Бугарија туку со ЕУ“, укажа Филипче.

Од Европската комисија денеска уште еднаш порачаа дека со нетрпение очекуваат што е можно поскоро почеток на преговорите по поглавја со Албанија и Северна Македонија, откако Скопје ќе ги исполни релевантните критериуми што се договорени со Советот.

Од таму не пропуштија да нагласат дека тие „релевантни критериуми“ ги вклучуваат уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот, порача портпаролката на ЕК за проширување, соседска политика и меѓународни партнерства Ана Писонеро во однос на одлуката на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР), Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја.

Недоследноста и импровизациите на Мицкоски во однос на преговорите со ЕУ се гледа и од фактот што за него Договорот за добрососедство со Бугарија кога му одговара е добар, а кога не – лош.

Во неговата изјава денеска тој вели „ако зборуваме за тоа договорите да се почитуваат и тој принцип важи за Преспански договор, кој и покрај критиките на јавноста го прифативме како влада, тогаш треба и ЕУ да го прифати Договорот за добрососедство, каде никаде не постои услов да го смениме Уставот. Дури пишува дека Бугарија треба да не поддржува и помага“.

Само еденипол месец претходно, Мицкоски за Договорот за добрососедство со Бугарија рече дека треба да биде биде репреговаран и на него да му се додаде некој француски предлог плус или некој друг предлог, кој ќе ги опфати барањата на македонскиот народ и барањата на Македонците во Бугарија“.

И отиде Мицкоски во Брисел со „француски предлог плус“, но се врати со вест дека Албанија оди напред, а Македонија стана жртва на блокадите што ги наметна тој и неговата партија.

З.Б.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Следно

Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на УНДП

Latest from Blog

Се враќа СЛУЖЕЊЕТО ВОЈСКА! Пет категории ослободени, а еве кој мора

Началникот на генералштабот на српските вооружени сили, Милан Мојсиловиќ, неодамна потврди дека српските вооружени сили работат на подготовки за задолжителна воена служба и дека таа ќе трае 75 дена. „Започнавме со набавка

Ѓорѓиевски: Пироманите фатени на дело (ВИДЕО)

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, повика на итна акција од МВР и ЈО поради серијата намерни пожари во Скопје. „Ова веќе е премногу! Пироманите се фатени на дело, а институциите мора

Ѓорѓиевски на утринско кафе со командирот Звонко: благодарност за хероите што го штитат Скопје од огнената стихија

По целовечерна борба со три пожари во Скопје, градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрото го започна на кафе со командирот на Противпожарната бригада, Звонко, кого

Зеленски подготвен за средба со Путин со посредство на Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин без никакви предуслови. Тој го изјави ова во интервју за телевизијата Скај њуз, нагласувајќи дека е
Go toTop