Португалија на Мундијал, Ирска ја расплака Унгарија

November 16, 2025
1 min read
16 November 2025; Troy Parrott of Republic of Ireland shoots to score his side’s first goal, a penalty, during the FIFA World Cup 2026 Group F Qualifier match between Hungary and Republic of Ireland at Puskás Aréna in Budapest, Hungary. Photo by Stephen McCarthy/Sportsfile

Групата Ф која е секако дел од Мундијалските квалификации предмалку го имаше своето финале.

Португалија и официјално е на Мундијалот со освоено прво место и 13 бодови откако денеска со 9:1 ја декласираше Ерменија на свој терен.

Од друга страна пак во невидена драма на Пушкаш арената во Будимпешта, Ирска приреди сензација и со 2:3 ја победи домашната Унгарија. Домаќинот преку Лукаш дојде до предност во третата минута, за да Перот од пенал израмни во петнаесеттата.

Варга носи ново домашно водство во 37. минута, за да Перот по втор пат во 80.минута носи изремнување.

Истиот играч во ретко видена завршница, во шестата минута од судиското продолжение погоди за 2:3, и со тоа ја однесе Ирска во баражот и второто место на табелата, а ја елиминираше Унгарија од понатамошните борби.

 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еквадор: Уапсен водачот на озлогласената нарко-банда Лос Лобос

Следно

Украина во текот на зимата ќе се снабдува со течен природен гас од Грција

Latest from Blog

МИНУСНИ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Променливо облачно време со силен северен ветер

Утре во земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во претпладневните часови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој локално ќе надминува 60 km/h, особено вдолж

Колку наплаќаат банките во Македонија од исплати во странство?

Минатата година од октомври, банките во Македонија, Албанија, Црна Гора и Молдавија, започнаа со извршување трансакции преку СЕПА, што претставува конкретен чекор кон финансиска и економска конвергенција со Европската Унија. Членството во

Макрон повторно е ѕвезда на социјалните мрежи по она што го направи во Индија- ги носеше и познатите очила (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон повторно стана ѕвезда на социјалните мрежи откако беше снимен како џогира по крајбрежната улица во Мумбаи наутро, облечен во шорцеви и очила за сонце, привлекувајќи го вниманието на
Go toTop