Поројните дождови поплавија илјадници кампови во кои се засолнија Палестинците во Газа

January 27, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Поројните дождови во Појасот Газа го влошија страдањето на стотици илјади раселени Палестинци кои засолниште од израелските бомбардирања пронајдоа во шатори, пренесува Анадолу.

Дождот што паѓа од петокот, поплави илјадници кампови оставајќи голем број Палестинци без облека и ќебиња.

Портпаролот на Палестинската цивилна заштита, Мухамед Басал, за Анадолу изјави дека поројните дождови поплавија голем број подрачја во Појасот Газа.

„Примивме повеќе од 1.000 пријави за поплавени шатори и куќи во различни подрачја на Газа. Она што ја отежнува работата на цивилната одбрана е недостаток на потребни количества гориво за работата на пумпите за дождовница и преместување на спасувачките возила во поплавените подрачја“, рече Басал.

Тој додаде дека по поплавите, голема е веројатноста за ширење на болести.

Хосни Мухана, координатор на Заедницата на општианта Појас Газа, укажа на појавата на дождовница помешана со канализација во подрачјата северно од градот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ денеска е во Скопје

Следно

Пендаровски, Ковачевски и Вучиќ ќе се обратат на академија по повод националниот празник на Србите

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop