Поранешниот израелски премиер Олмерт смета дека Израел ја уништил Газа

November 12, 2024
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт на седмиот мировен форум во Париз изјави дека Израел ја уништил Газа, палестинската енклава во која продолжуваат израелските брутални бомбардирања и гранатирања, известува Анадолу.

Олмерт учествуваше во панелот „Израел-Палестина: План за две држави и план за мир“ во рамките на седмиот мировен форум што се одржа во француската престолнина Париз.

Тој посочи дека решението за две држави што го предложил во 2008 година може целосно да ги промени Блискиот Исток и животите на милиони луѓе во тој регион.

Во своето обраќање Олмерт рече: „Настаните од 7 октомври се незаборавни и непростливи, а со оглед на околностите што ја предизвикаа, војната беше неизбежна. Но, како што реков претходно, мислам дека војната требаше да престане.“

Тој истакна дека Израел го уништил воениот капацитет на Хамас и додаде дека во Газа настрадале и невини палестински цивили.

„Ја уништивме Газа. Има и ужасни последици по животите на два милиона граѓани на Газа, кои не се терористи и не придонесуваат за тероризмот“, рече тој.

Олмерт истакна дека Израел треба да ги запре нападите врз Газа, да ги спаси заложниците и да ги ослободи Палестинците кои се наоѓаат во израелските затвори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе го одржи ли Трамп ветувањето?

Следно

Кливленд ја започна сезоната со 12 победи во низа и стана осми тим со ваков ефект

Latest from Blog

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на
Go toTop