Поранешни водачи на ФАРК во Колумбија обвинети дека принудиле 18.677 деца на вооружена борба

November 14, 2024
1 min read

БОГОТА (АА) – Специјалниот трибунал во Колумбија обвини шестмина поранешни водачи на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК), меѓу кои и Родриго Лондоно, познат и како „Тимоченко“, за насилно регрутирање на 18.677 деца во вооружен конфликт за период од над 35 години, јавува Анадолу.

На прес-конференцијата во Богота судијата Алехандро Рамели, шеф на Специјалната јурисдикција за мир, рече дека шесте лица се сметаат за „главни лица одговорни“ за присилното регрутирање на децата.

Рамели додаде дека покрај присилното регрутирање на деца во периодот меѓу 1971 и 2016 година, се случиле и други сериозни дела, вклучително „злоупотреба, тортура, убиства, сексуално ропство и дискриминаторско насилство“.

Во соопштението на трибуналот се нагласува дека конфликтот довел до тоа децата да го изгубат чувството за себе, одземајќи им ја можноста да формираат сопствен идентитет.

Децата, исто така, претрпеле сексуално и физичко насилство и продолжуваат да се соочуваат со долготрајни трауми и предизвици, се додава во соопштението.

Трибуналот е формиран како дел од мировниот договор меѓу Владата на поранешниот претседател Хуан Мануел Сантос и ФАРК, со главна цел да се заштитат правата на жртвите и да се обезбеди одговорност преку темелна истрага на сите инциденти од вооружениот конфликт.

Трибуналот е механизам за транзициска правда што истражува и бара одговорни трети страни во рамките на неговата јурисдикција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ангеловска-Бежоска на Конференција во Тирана: Банкарските системи во регионот имаат капацитет да поддржат забрзана конвергенција

Следно

Раководството на Реал не сака Рамос да се врати во клубот

Latest from Blog

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на
Go toTop