Поранешни израелски шпиони на позиции во истакнати американски медиуми

October 17, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Онлајн портал за вести објави дека бројни истакнати американски медиуми на видни позиции имаат поранешни израелски шпиони, пренесува Анадолу.

Добитникот на наградата на Здружението на дописници од Белата куќа, Барак Равид, продуцентот на Си-ен-ен, Шачар Пелед, и продуцентот на Њујорк Тајмс, Анат Шварц, сите поранешни припадници на израелската Единица 8200 – единица за тајни операции, шпионирање и кибервојување – сега се на високи позиции во медиумите, објави денес МинтПрес.

Единицата 8200 е нашироко позната и како групата која стои зад минатомесечниот напад со пејџери во Либан, во кој беа повредени илјадници цивили.

Авторот од МинтПрес, Алан Меклеод, рече дека не ги обвинува дека се сегашни шпиони, туку ја доведува во прашање нивната компатибилност за новинарство.

„Иако не велам дека овие лица се шпиони, но дали луѓето со вакво минато се навистина соодветни кандидати да пишуваат вести на Американците во врска со Израел/Палестина? Што ако бившите разузнавачи на Хамас/Хезболах сега ги водат работите во Си-ен-ен или на друго место?“, праша тој на Х.

Поранешни агенти на Единицата 8200, исто така, го креираа озлогласениот софтвер Пегасус кој се користи за надзор на новинари, активисти и шефови на држави низ светот, се вели понатаму од МинтПрес.

Единицата 8200, наводно, стои и зад Лаванда, софтверот со вештачка интелигенција што автоматски генерира списоци за убивање на десетици илјади жители на Газа и помош во смртоносната кампања за бомбардирање на енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана

Следно

Швјонтек има нов тренер

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop