Поради урнати згради во земјотресот: Турските власти приведоа 184 луѓе, меѓу нив и градоначалник

February 25, 2023
1 min read

Најмалку 184 лица, главно градежни изведувачи, се приведени во Турција во врска со урнатите згради по разорните земјотреси во јужниот дел на земјата, изјави денеска министерот за правда Бекир Боздаг.

Приведен е и градоначалникот на областа Нурдаг во провинцијата Газиантеп, јави Анадолија. Градоначалникот Океш Кавак е од владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Владата на Ердоган, која е на власт повеќе од 20 години, беше критикувана за игнорирање на лошите градежни стандарди, што можеби придонесе за високиот број на загинати од над 44.000 само во Турција.

Во 11 турски провинции смртоносните земјотреси на 6 февруари, проследени со речиси 10.000 последователни потреси, оштетија повеќе од 173.000 згради и оставија речиси 2 милиони луѓе без покрив над главата, според владините податоци.

Оттогаш поширокиот регион е погоден од големи земјотреси. Според агенцијата за катастрофи АФАД, потресите се очекува да продолжат во следните две години во Турција.

Денеска земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди централната анадолска турска провинција Нигде, соопшти Центарот за следење на земјотресот Кандили. АФАД соопшти дека нема пријавена штета.

Епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа Бор, на околу 350 километри западно од разурнатиот од земјотресот турско-сирискиот пограничен регион.

На најголемиот турски град Истанбул му е потребна итна програма за урбанизација за обнова или зајакнување на зградите, во вредност од околу 40 милијарди долари, соопштија властите.

Потенцијален земјотрес од над 7,5 степени ќе оштети речиси 500.000 згради, населени со 6,2 милиони луѓе, околу 40 отсто од населението на градот, според извештај од 2021 година, јави ДПА. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турција апси новинари за известувања за земјотресот

Следно

Ањели: Доминацијата на англиските екипи го загрозува европскиот фудбал

Latest from Blog

Тоневски: Поддршката за спортот останува приоритет во Пробиштип

Пробиштип беше домаќин на традиционалната средба на борачите, на која се собраа ветерани, спортски работници и претставници од боречките клубови од целата држава. Средбата беше организирана од Здружението на борачи ветерани на

Димитриеска-Кочоска: „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија кредитниот рејтинг на Македонија

6 април 2026 година, Скопје  – Агенциите за кредитен рејтин „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија стабилнот кредитен профил на земјата во поолугодишните прегледи. „Стандард и Пурс“ изврши редовен полугодишен преглед

Истражување: Шпанците го сметаат Трамп за поголема закана по светскиот мир од Путин

 Шпанските граѓани веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп претставува најголема закана за светскиот мир, поголема дури и од рускиот претседател Владимир Путин или израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, покажува најновата анкета објавена денеска

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски

Владата работи со сите стекхолдери за доаѓање до конечна верзија на законот за заштита од пушењето. Не е во ред децата од најмала возраст да користат ароматизирани вајпови, кои потоа можат да
Go toTop