Популацијата на ЕУ до 2100 година ќе се намали за шест отсто

April 1, 2023
1 min read

Населението во ЕУ до 2100 година ќе се намали за шест отсто односно за 27,3 милиони луѓе, покажуваат проекциите на Евростат.

По падот на бројот на населението во 2020 и 2021 година поради влијанијата на пандемијата од КОВИД-19, популацијата во ЕУ почна да закрепнува во текот на 2022 година.

Како последица на масовниот прилив на бегалци од Украина по руската агресија, се проценува дека населението на ЕУ достигна 451 милион лица на 1 јануари 2023 година. Се очекува врвот да биде достигнат во 2026 година кога се проценува дека во Унијата ќе живеат 453 милиони луѓе, по што ќе почне да стагнира и да се намалува достигнувајќи 420 милиони во 2100 година.

Бројот на деца и млади луѓе (на возраст од 0 до 19 години) во вкупното население се предвидува да се намали од 20% на почетокот на 2022 година на 18% до 2100 година. Уделот на работоспособните луѓе (на возраст од 20-64 години години), пак, во вкупното население на ЕУ ќе падне од 59% во 2022 на 50% во 2100 година.

Спротивно на тоа, уделот на постарите возрасни групи (65 години или повеќе) ќе се зголеми. Брјот на оние на возраст меѓу 65-79 години се очекува да порасне од 15% на 17%, а на возрасната група од 80 или повеќе да се зголеми повеќе од двојно, од 6% на 15%.

Во 2022 година, пирамидата на населението на ЕУ веќе го покажува обликот поврзан со долг животен век, ниски стапки на смртност и ниски стапки на наталитет. Најголем дел од населението го сочинуваат работоспособни луѓе над 50 години, додека уделот на млади под 20 години е значително помал.

Пирамидата во 2100, пак, јасно покажува развој кон општество што се намалува и старее. Паѓа уделот на децата и младите под 20 години и на работоспособната популација, а расте на луѓето на возраст од 65 или повеќе години.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Торнадата во САД однесоа нови човечки жртви – еден загина на концерт во театар каде се урнал покривот

Следно

На 2 април Бугарите имаат многу јасен избор

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop