Поповска за грипот: Се прегледуваат по 120 деца дневно, претходно имавме по 200

February 5, 2024
1 min read

Бројот на заболени од сезонски грип варира од недела во недела. На Клиниката за детски белодробни заболувања „Козле“ состојбата е стабилна. Докторката Мирјана Поповска вели дека претходните две недели во амбулантата дневно се вршеле до 200 контроли, а сега до 120.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на четвртата недела од јануари, бројот на заболени од вирусот е зголемен за 9,5 отсто. Граѓаните велат дека се свесни дека грипот се уште е присутен и мора да се внимава.

„Мора да бидеме внимателни, дефинитивно, но и времето го прави своето. Скоро сите имавме грип, се справуваме некако, малку полесно го поминав со движење, инаку некои поминаа полошо”, рече еден граѓанин.

Досега од почетокот на сезоната на грип регистрирани се 7 жртви меѓу кои и две бебиња. Според податоците на Институтот за јавно здравје, вкупниот број на заболени од грип за оваа сезона изнесува над 7.000 заболени, што е зголемување за 37 отсто во однос на претходната сезона./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неделен хороскоп – овој знак ќе доминира на работното место, а особено овој го очекува прилив на пари

Следно

Додик: Судскиот процес против мене е судски процес против Република Српска

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop