Попов: Владата треба да реагира со робусна акција и сериозна стратегија за справување со загадувањето, мерките на СДСМ се популистички

January 12, 2023
1 min read

Ние сметавме дека оваа тема со загадувањето е поплеменита од ова популистички да предлагаме мерки кои што веќе или вака или така се прават и сите за тоа сме свесни. Впрочем и претседателот на Советот, Трајко Славески барањата на Социјалдемократскиот сојуз како претседател на Совет ги испрати до градоначалничката и од таму сите бевме информирани дека работите кои што Социјалдемократскиот сојуз ги бара дека веќе се прават. Исто така сметавме дека тие мерки како што напоменав се паушални од типот дека ако ги миеме улиците секој ден или дека ако направиме бесплатен јавен превоз како да ќе снема автомобили во градот и можеби така ќе го намалиме загадувањето, истакна Сергеј Попов, советник во Советот на Град Скопје и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на емисија на телевизија Клан.

Попов апелира за сериозна и робусна акција како на Градот Скопје така и на Владата на Република Македонија.

„Сметаме исто така дека политичката партија од која што дојдоа овие предлози е веќе седум години на власт и предлог од типот да ги миеме улиците после седум години нечие владеење. И премиерот да ти доаѓа од истата партија и се што во овој период ти ќе смислиш да направиш е да побараш некоја си вонредна седница со некакви пак ќе повторам најпаушални од ракав извадени мерки кои што и Градот, а и впрочем повеќето луѓе се свесни дека веќе се имплементираат, улиците се мијат, а ако е ладно не можат да се мијат бидејќи ќе замрзнат итн., бесплатен јавен превоз во периоди на енормна загаденост имало и во минатото и во иднина ќе има, тоа беше нашето размислување. Се потпиша таму советничката група на СДСМ, ЛДП и ДОМ ако не се лажам, а останатите советнички групи во Советот се немаат потпишано, значи ставот е дека темава е многу поплеменита, и ајде заедно да бараме здружена акција на Владата бидејќи ова може да се реши овој проблем, но не е само на Скопје, туку на цела Македонија“, заклучи Попов.

Тој посочи дека дека сите заедно треба да ја повикаат Владата и да се бара робусна акција, сериозна стратегија за решавање на проблемот со загадување.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) На демонстрациите во Шведска беше обесена кукла на Ердоган – Турција реагираше

Следно

Повеќе од 70.000 вработени во универзитетите во Велика Британија ќе штрајкуваат 18 дена

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop