Попов: Напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи е од значаен младински интерес

November 27, 2025
1 min read

Пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ, денеска се обрати на 71. седница на Собранието, посветена на пратенички прашања. Во своето излагање, тој отвори три значајни теми за младите во земјава, како состојбата со младинската невработеност и мерките за самовработување, исполнувањето на домашните задачи, како и актуелната мерка на Владата за доделување 55.000 ваучери за купување електронски уреди за студентите, и истите ги упати до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Попов најнапред посочи дека младинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства. Тој истакна дека самовработувањето е директен начин за младите да изградат сопствени бизниси и да придонесат кон економскиот раст: „Оттука, моето прво прашање би било, бидејќи знаеме дека пред некој ден се доделуваа решенијата за самовработувањето, во Владата на Република Македонија, моето прашање е: Колку договори односно ваучери за самовработување се издадени до сега и колку средства се издвоени за оваа мерка, во рамки на Оперативниот план за вработување?“, рече Попов.

Второто прашање на Попов се однесуваше на напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи, што според него, ова е од значаен младински интерес.

„Второто прашање би ми било во делот на она што многу млади луѓе ги интересира, а тоа е до каде сме со онаа работа која што популарно во јавноста се нарекува завршување на домашната задача. Пред неколку денови имавте средба со претставници на ЕУ. Дали можеби можете да ни откриете повеќе детали околу тоа како планираме да ги исполниме обврските од тој план? Бидејќи како што напоменав, на секој млад човек, на сите мои врсници, исполнувањето на домашната задача односно завршувањето на реформите овде дома во Република Македонија, е прашање кое што е од особен младински интерес“, истакна Попов.

Попов го отвори и прашањето за мерката со која Владата им доделува ваучери на 55.000 студенти за купување електронски уреди. Тој нагласи дека ова не е само мерка, туку инвестиција во дигиталната писменост и иднината на младите.

„Кога една влада презема обврска кон младите, особено кон студентите, тоа не е само мерка, тоа е инвестиција во иднината на државата. На самите 100 дена од мандатот на новата Влада, ја најавивте мерката за финансиска поддршка за купување на електронски ваучери од 15 300 денари. Мерка која што значи вложување во младите и во нивната дигитална независност и дигитална писменост. И затоа моето трето прашање е: Дали располагате со податок колку студенти до сега ја искористиле мерката за ваучери во вредност од 15 300 денари за електронски уреди и колку средства во буџетот се издвоени за оваа мерка?“, заклучи Попов.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Слот доби поддршка ама и ултиматум: Или “три од три“ или толку ти беше! Контактиран бил и Клоп!

Следно

“Верувајте, Витиња е следниот освојувач на Златната топка“!

Latest from Blog

Арагчи: Хамнеи е сè уште жив „колку што јас знам“

Арагчи даде интервју за Ен-Би-Си Њуз, откако израелскиот Канал 12 објави дека Израел проценува дека Хамнеи е „веројатно убиен“ во денешните израелски воздушни напади. Зборувајќи во живо, Арагчи исто така рече дека

Колумна на Менкиноски: Брзиот воз за Брисел и македонскиот перон

Колумна на Тони Менкиноски за Нова Македонија   Според францускиот правник, универзитетски професор и политичар Бадинтер, во деведесеттите години на минатиот век Македонија беше најподготвена да патува за Европа. Но возот тргна

Македонски државјанин ги шокираше швајцарските судии: Свесно крадел за да заврши во затвор

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај во кој млад македонски државјанин бил осуден на пет години затвор за серија грабежи и други дела, јавија тамошните медиуми. Нашинецот

Проданоски: Меморијалниот турнир „Илија Карески – Каре“ ја зацврстува спортската традиција на Прилеп

Во Прилеп се одржа петтиот меморијален меѓународен турнир во пинг-понг „Илија Карески – Каре“, настан кој веќе прераснува во значајна спортска традиција и симбол на заедништво и спортски дух. Турнирот, во организација
Go toTop