Поплавена пруга во близина на Лондон ги откажа сите возови преку Евротунелот

December 30, 2023
1 min read

Ова ги наруши новогодишните планови на илјадници патници. „Еуростар“ прво откажа 14 возови, а потоа реши да ги откаже сите, вкупно 41, бидејќи водата во тунелите не се повлекла

Поради поплавените железнички тунели во југоисточна Англија, денеска беа откажани сите возови што го поврзуваат Лондон со европското копно, објави меѓународниот железнички оператор „Еуростар“.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

„Еуростар“ оперира со возови кои го поврзуваат Обединетото Кралство со континентална Европа преку Евротунелот.

„Возовите се откажани денеска бидејќи дел од пругата е привремено затворена во близина на Лондон“,

објави „Еуростар“ на социјалните мрежи, извинувајќи се на патниците и нудејќи веб-страница за информации за статусот на линиите.

Ова ги наруши новогодишните планови на илјадници патници.

„Еуростар“ прво откажа 14 возови, а потоа реши да ги откаже сите, вкупно 41, бидејќи водата во тунелите не се повлекла.

Не е познато што ги предизвикало поплавите во железничките тунели под реката Темза во близина на Ебсфлит, источно од Лондон.

Делови од Англија беа погодени од силен дожд во последните денови.

На југот на Англија е прогласена жолта опасност поради силниот ветер.

Видео снимки покажуваат како вода тече во еден од тунелите и ги покрива шините додека стотици патници чекаат со куфери на станицата „Сент Панкрас“ во Лондон.

„Разбираме дека ова е важно време за патување на крајот на празниците и во пресрет на Новата година и им помагаме на патниците на станиците“,

соопштија од „Еуростар“.

Ова е втор пат возовите на Еуростар да доцнат за време на овогодинешните божиќни празници.

Неочекуван штрајк на француските работници го прекина божиќното патување на илјадници патници на 21 декември годинава.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тони Зен со нова песна и видео во негов стил

Следно

И идната недела релативно топло, до 16 степени

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop