Поминаа 13 години од катастрофата во Фукушима, Јапонија се присетува на жртвите од земјотресот и цунамито

March 11, 2024
1 min read

ТОКИО (АА) – Денес Јапонија ја одбележува 13-годишнината од силниот земјотрес и цунамито што го погодија северниот брег на земјата, јавува Анадолу.

Речиси 20.000 луѓе загинаа, цели градови беа збришани, а нуклеарната централа Фукушима Даичи беше уништена, создавајќи длабок страв од радијација што трае до ден денес.

Луѓето низ земјата одржаа едноминутно молчење во 14:46 часот по локално време, симболизирајќи го моментот кога на 11 март 2011 година земјотресот со магнитуда од девет степени го погоди североисточниот брег на Јапонија.

Земјотресот и цунамито на 11 март 2011 година опустошија делови од североисточниот брег на Јапонија, при што загинаа речиси 20.000 луѓе и предизвикаа нуклеарна криза во електраната во префектурата Фукушима.

Околу 20.000 од повеќе од 160.000 евакуирани жители низ Фукушима сè уште не се вратиле назад.

Годишните истражувања покажуваат дека повеќето евакуирани немаат намера да се вратат дома, наведувајќи го како причина недостатокот на работа, училишта и изгубените заедници, како и загриженоста поради радијацијата.

Градовите погодени од катастрофата, вклучително и оние во префектурите Ивате и Мијаги, забележаа нагло намалување на бројот на населението.

Гувернерот на Фукушима, Масао Учибори, за телевизијата НХК изјави дека сè поголем број млади луѓе сакаат да се преселат во Фукушима за да започнат бизнис или да помогнат во обновата, и изрази надеж дека повеќе жители ќе се вратат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО+ВИДЕО: Поплава во Хрватска – Задар под вода

Следно

Најмалку 50 повредени во инцидент во авион

Latest from Blog

Општина Битола обезбеди 300.000 денари за субвенции за возачки испит

Општина Битола објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош од 6.000 денари за млади лица кои поради привремениот прекин на работата на Испитниот центар во Битола биле принудени да полагаат возачки

Божиновска: Еднаквите можности почнуваат со работна средина што ги поддржува жените

Работната средина треба да им овозможи на жените да напредуваат во кариерата без да се откажуваат од семејниот и личниот живот, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Коњановски: Околу 15.000 евра проценета годишна заштеда од првата фаза на „Сончеви училишта“

Фотонапонска централа со инсталирана моќност од 40 киловати е поставена во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола. Централата беше технички прегледана и предадена во рамките на проектот „Сончеви училишта“, кој со анекс

Костовски: Засилени инспекциски контроли во Бутел, на удар објектите со сомнежи за законски прекршувања и непрописното паркирање

Општина Бутел започна со засилени инспекциски контроли на целата своја територија, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Веста ја соопшти градоначалникот на Општина Бутел,

Божиновска: Ќе ја зајакнеме соработката со ФЕИТ за младите инженери да стекнат практично искуство

Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го посетија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде што со министерката Сања Божиновска разговараа за енергетската сигурност, обновливите извори и енергетската
Go toTop