Полска размислува за повторно воведување гранични контроли со Германија и Литванија поради миграцијата

July 1, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Премиерот на Полска, Доналд Туск, објави дека неговата Влада размислува за повторно воведување гранични контроли со Германија и Литванија поради сè поголемата загриженост за илегалната миграција, пренесува Анадолу.

На прес-конференција Туск најави дека ќе се одржи безбедносен состанок со претставници од Министерството за внатрешни работи, граничната стража, војската и полицијата за да се процени вкупната состојба на државните граници, јави државната новинска агенција ТВП Ворлд вчера.

„Германската страна е информирана дека, доколку продолжат сомнителните случаи, може да бидеме принудени повторно да воспоставиме контроли на полско-германската граница,“ изјави Туск.

Тој нагласи дека безбедноста на границите е еден од главните приоритети на Владата.

Туск додаде дека секоја одлука ќе биде спроведена на начин што ќе предизвика минимални непријатности за полските граѓани и нагласи дека ќе бидат преземени мерки и за спречување на илегални преминувања од Литванија во Полска.

На посебна прес-конференција претседателoт во заминување Анджеј Дуда, исто така, побара од Владата да дејствува за да спречи враќање на илегални мигранти од Германија во Полска.

Дуда ја критикуваше Владата за нејзиното молчење во врска со принудните враќања, изјавувајќи: „Не смееме да дозволиме да се крши законот и мигрантите насила да се туркаат во нашата земја. Германија го создаде овој миграциски проблем и мора сама да се справи со него. Ние нема да го решаваме место неа.“

Во меѓувреме, стотици луѓе што се нарекуваат „граѓански патроли“ организираат протести во граничните подрачја на Полска со Германија за враќањето на мигрантите од германските власти.

Во саботата, околу 200 луѓе го блокираа патот во северозападниот полски град Шчеќин, велејќи дека се собрале за да ја спречат „германската полиција да внесува мигранти“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Следно

Еден од најдобрите англиски голгетери започнал преговори со Манчестер јунајтед!

Latest from Blog

Rina Ajdari u përgjigjet deputetëve të VLEN-it

Deputetja dhe koordinatorja e grupit parlamentar të BDI-së, Rina Ajdari gjatë seancës së sotme të parlamentit u është përgjigjur deputetëve të VLEN-it dhe kryeparlamentarit Afrim Gashi, duke i akuzuar ato se kanë

Иран ја повика Германија и бара објаснување за американската воздушна база Рамштајн

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда тврди дека успеала да оштети американски борбен авион Ф-35 за време на борбена мисија, објавува Ал Џезира. Иран бара појаснување од Германија. Амбасадорот на Иран во Германија,

Мисајловски: Иницираме постапка како да им помогнеме на сите војници што имаат 45 години и треба да заминат во пензија

Министерството за одбрана работи на решение со кое би им се помогнало на војниците кои по навршување на 45 години треба да ја напуштат службата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски во

Mакрадули: Партијата, државта не се простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат, создаваат и придонесуваат

Случувањата деновиве во СДСМ, единствената партија во која се вградувам, како и ФБ меморијата ме вратија години наназад, во далечната 2013 година. (На сѐ уште најдобарата конвенција на СДСМ). Тогаш, по 24
Go toTop