Полска ја критикуваше Украина поради повикувањето на полскиот амбасадор на разговор

August 2, 2023
1 min read

ВАРШАВА (АА) – Заменик-министерот за надворешни работи на Полска, Аркадиус Муларцк порача дека Владата на неговата земја никогаш не се двоумела да ѝ помогне на Украина, но дека некои луѓе во Киев го забораваат тоа и прават грешки што не би смееле, известува Анадолу.

Муларцк на социјалните мрежи објави пост во кој потсети дека полскиот амбасадор во Киев, Бартош Чиховски, вчера бил повикан во Министерството за надворешни работи на Украина по коментарот на Марчина Пшедаца, главниот советник за надворешна политика на претседателот на Полска, Анджеј Дуда, дека Украина треба да покаже повеќе благодарност за поддршката од Полска.

„Полска не се двоумеше да помогне додека другите го чекаа колапсот на Украина, За жал, некои луѓе во Киев денес го заборавија тоа. Такви грешки не би смееле да се направат“, порача Муларцк.

Тој додаде дека полското МНР, исто така, го повикало амбасадорот на Украина во Варшава.

И Матеус Моравјецки, премиерот на Полска, на социјалните мрежи го критикуваше потегот на Украина.

„Повикувањето на полскиот амбасадор во украинското МНР, кој беше единствениот преостанат претставник во Киев на денот на руската инвазија на Украина, никогаш не смееше да се случи“, порача Моравјецки.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција почна со евакуација на свои и државјани на други земји од Нигер, првиот авион слета во Париз

Следно

Франција почна со евакуација на свои и на државјани на други земји од Нигер, првиот авион слета во Париз

Latest from Blog

Андоновски и Димовски во работна посета на Агенцијата за храна и ветеринарство

Заменик Министер за здравство Јовица Андовски заедно со Вицепремиерот на Владата на Република Македонија Љупчо Димовски остварија работна посета на Агенцијата за храна и ветеринарство. На средбата со директорот на АХВ и
Go toTop