Полицијата застрела лица со потерница откако одбил да се предаде

August 24, 2024
1 min read

Во полициска акција во тетовското село Гајре синоќа е застрелан 41-годишниот Л.М. кој бил баран со потерница, откако не постапил по дадените наредби на полициските службеници и репетирал и вперил  автоматска пушка кон нив, потврди Министерството за внатрешни работи. 

Како што соопшти МВР, синоќа околу 2 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за специјални полициски операции, по претходно добиени оперативни сознанија дека Л.М. (41) од с. Гајре, тетовско, кој е осомничен за кривично дело убиство на 5 јули годинава, а бил баран и поради бегство од Психијатарската болница Бардовци, се наоѓа во с. Гајре, преземале мерки и активности за лишување од слобода на лицето.

-По претходно обезбедени наредби за претрес во три куќи во Гајре, при преземање мерки за претрес на куќа сопственост на З.М., затекнат е Л.М., кој бил вооружен со автоматска пушка и пружил отпор и не постапил по дадените наредби на полициските службеници, туку автоматската пушка ја репетирал и вперил кон полициските службеници, по што било пукано од страна на полициските службеници. Откако Л.М. бил неутрализиран, побарана е медицинска помош од Итна медицинска помош, а известен е и јавен обвинител. Кај Л.М. бил пронајден и пиштол и рамки за автоматска пушка и куршуми.  Околу 22.50 часот Л.М. починал, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, наведува МВР во соопштение. 

Увид на местото на настанот извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина во Клиничка болница Тетово за обдукција. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Ќе сториме се платите да растат, но и да имаат вредност

Следно

Јаневска во посета на ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром: Учебниците кои во некои минати години недостасуваа, сега се веќе дистрибуирани

Latest from Blog

Израел го нападна Институтот за истражување на вселената во Техеран

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека е уништена зградата во Техеран во која се „развиваше воено-вселенска програма“, вклучително и сателитот „Шарман 1“, што беше лансиран во 2024 година. На социјалните медиуми објавени

Психологот Стојанова: Процесот на закрепнување на повредените од Кочани е тежок и бавен

Девет психолози од Кочани, Охрид и Скопје веќе една година работат со повредените и родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани. Во Центарот за ментално здравје секојдневно преку работилници и разговори,
Go toTop