Полицајци и посредници овозможувале нелегален престој на странци – приведени 11 осомничени

May 22, 2025
1 min read

По неколкумесечна предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, денеска под раководство на предметниот обвинител, полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршија претреси на 15 локации во Скопје, Штип и ГП Долно Блаце. Притоа се приведени 11 лица, а две лица се недостапни на органите на прогонот.

Постапувајќи по кривичната пријава, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица од кои седум полициски службеници. За три лица постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание, две лица сториле продолжено кривично дело Примање поткуп, додека на петмина им се става на товар дека сториле по едно кривично дело Давање поткуп, на едно лице дека ја злоупотребило својата службена положба и овластување и сторило кривично дело Употреба на исправа со невистинита содржина, едно лице сторило кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и едно лице сторило кривично дело Фалсификување исправа.

Според содржината во диспозитивот на наредбата, осомничените физички лица од месец јануари до месец април годинава во Штип, со искористување на своето претпоставено влијание врз осомничените полициски службеници од ГП Блаце и инспектори од Секторот за странци во Штип, со кои имале претходно воспоставени пријателски односи, во најмалку четири наврати овозможиле на најмалку пет странски државјани кои незаконски престојувале во РСМ непречено да го регулираат својот престој. Осомничените физички лица за определена награда посредувале и преземале дејствија со цел турските државјани чиј рок за одобрен престој заради студирање им бил истечен да се стекнат со дозвола за одобрен привремен престој во РСМ. Осомничените полициски службеници прифаќајќи го влијанието од посредниците, со намера да прибават за себе имотна корист, ги пречекориле границите на своите службени овластувања и не ја извршиле својата службена должност. Имајќи предвид дека незаконскиот престој согласно одредбите од Законот за странци е прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – глоба во износ од 50 до 250 евра во денарска противвредност, осомничените го оштетиле и Буџетот на РСМ.

Јавниот обвинител имајќи ги предвид околностите, оцени дека се исполнети условите и до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор за петмина осомничени, додека за осум лица предлог за определување мерки на претпазливост.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дурмиши им ја нуди Попова Шапка на Саудијците

Следно

Поранешниот шеф за надворешна политика на ЕУ, Борел: Нема сомнение дека Израел има геноцидна намера во Газа

Latest from Blog

Бошков во Аргумент плус: Инвестирањето во капитални инвестиции од овој тип на заеми значи дека цела одговорност е на владата

Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија во Аргумент плус рече дека, со прифаќањето на парите од Британија владата се откажала од концептот на јавно-приватно партнерство. Според него, иако на Македонија и

Турскиот Совет за национална безбедност ги поздрави чекорите за укинување на санкциите кои му штетат на сирискиот народ

ИСТАНБУЛ (АА) — Советот за национална безбедност на Турција денес ги поздрави чекорите за укинување на санкциите „што му штетат“ на сирискиот народ, ветувајќи континуирана поддршка за напорите на сириската администрација за

Ромеро прогласен за најдобар во Лигата на Европа оваа сезона

Капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, е прогласен за најдобар играч во Лигата на Европа за сезоната 2024/25. Тотенхем го победи Манчестер Јунајтед во средата навечер, а еден ден подоцна, Европската фудбалска централа

Путин нареди создавање „тампон-зона“ покрај руско-украинската граница

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес соопшти дека наредил создавање безбедносна тампон-зона покрај границата на Русија со Украина, јавува Анадолу. „Донесена е одлука за воспоставување неопходна безбедносна тампон-зона по должината

Професор Марковски: Во Македонија доаѓа време на реконструкција на старите дотраени мостови

Деканот на Градежниот факултет во Скопје Горан Марковски, a кој работеше на проектoт за безбедност и реконструкција на Мостот кај Башино Село на еден од влезовите во Велес и кој со својот
Go toTop