Карпош е многу специфична општина, јас сум од Карпош, каде што генерално е многу потешко да манипулираш со жителите, особено затоа што тие многу често знаат да гласаат и за независни листи, за кандидати кои не се дел од естаблишментот и тоа кога говорам за естаблишмент – не мислам само на централен, туку и на локален естаблишмент, посочи политикологот Владимир Божиновски во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски.
-Тука од една страна имаме кандидат на владејачката партија на централно ниво и од друга актуелниот градоначалник кој таму тера цели четири мандати, така што граѓаните знаат да проценат на кого повеќе би му верувале и знаеш малку не е идентична ситуација како кога би споредувале со 2021-ва и 2013-та, кога успеја да победи Стевчо Јакимовски, затоа што тогаш тој ги доби гласовите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи кандидатот беше од СДСМ. Сега на овие избори, кандидатот на СДСМ излезе од таа генерална слика, дел од гласачите на политичките партии веќе го дадоа гласот за актуелниот градоначалник и прашање е дали во вториот круг тој ќе има дополнителен корпус на гласови. И оние од помалите апртии кои сметале дека актуелниот градоначалник го залужува нивниот глас, веќе го дале исто во првиот круг. Така што, прашањето сега е дали оние гласови на СДСМ ќе одат кај Стевчо како контра на ВМРО-ДПМНЕ или ќе си останат дома, тоа не можеме да го предвидиме, анализира Божиновски чија ИПИС скоро 100 насто ги „погоди“ резултатите на локалните избори со своите анкети, слично како и изминатите десетина изборни циклуси низ државата.
Моја претпоставка е дека дел ќе си останат дома,а дел ќе го поддржат, вели Божинвски, но прашање е колкав ќе биде тој дел и прашење е оние кои гласале за друг кандидат дали сега ќе гласаат за актуелниот или за Лукровски. Тоа не можеме да го знаеме, не е така едноставно. 2021-ва беше едноставно, испадна кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и гласовите во вториот круг целиот корпус на вмровски гласачи отиде кај Стевчо, бидејќи тогаш борбата беше и за перцепција, СДСМ беше владејачка партија, ВМРО и ГРОМ беа во опозиција, тогаш беа поинакви условите, сега мислам дека се јасни работите и дека императивот не е да се направи политичка перцепција, туку едноставно дали граѓаните сметаат дека Сотир Лукровски или Стевчо Јакимовски го заслужуваат нивниот глас, кој од нив подобро би ја раководел општината. Ги нема оние пошироки политички импликации. Затоа не можеме да ги споредиме овие два, па и претходните циклуси , оној од 2013-та за избори во Карпош, потенцира универзиеттскиот професор Божиновски.
Извор: kurir.mk


