„Полиграф“: Коj објави стара дезинформација дека на полициската табла во Шуто Оризари нема македонски јазик?

February 27, 2024
1 min read

На порталите и социјалните мрежи честопати се објавуваат стари дезинформации како нови вести. Таков е случајот со дезинформацијата дека натписот во полициската станица во Шуто Оризари не го содржи македонскиот јазик.

На 20 февруари 2024, порталот „Инфомакс“ објави текст со наслов: „Кој сака нека му честита на Тошковски: Во полициската станица во Шуто Оризари на таблата нема македонски јазик“. Во текстот пишува дека „На социјалните мрежи се појави фотографија од полициската станица во Шуто Оризари на која пишува „Полициска станица Шуто Оризари“ на повеќе јазици, но не и на македонски…“. Според Инфомакс, „Се поставува прашањето како големиот патриот и вмровец, новиот технички министер за внатрешни работи, Панче Тошковски дозволил вакво нешто“.

Меѓутоа, не станува збор за нова фотографија, туку за стара дезинформација. Уште во февруари 2020, прво „Цивил Медиа“, а потоа и „Вистиномер“, пишуваа за лажната вест за таблата на полициската станица во Шуто Оризари. Цивилмедиа јасно укажува дека „Ако се погледне фотографијата на која е целата табла, ќе се забележи дека таа е на четири јазици и тоа: македонски, ромски, албански и англиски“.

Фотографијата на која е само дел од таблата уште во 2020 година била злоупотребена за дезинформирање и креирање на паника за исчезнување на македонскиот јазик од натпис на МВР. Но, македонскиот јазик на таблата на МВР не бил исчезнат ниту во 2020 година, ниту пак сега, кога Тошковски е технички министер. Токму затоа, текстот на „Инфомакс“ може да се оцени како двојна дезинформација, со која се врши политичка пропаганда.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ХРВАТСКИОТ АКТЕР НА 92 ГОДИНИ СТАНАЛ ТАТКО: Сите биле едногласни дека 56 години помладата сопруга му го „подметнала“ детето

Следно

Бектеши: Нема да се продолжува мерката за гарантирани цени

Latest from Blog

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност

„Неговата состојба е сериозна, но стабилна. Нема опасност по неговиот живот и тој е свесен“, изјави неименуван извор. Генерал-потполковник Алексеев, прв заменик-началник на Генералштабот на руските вооружени сили, беше убиен во станбена

Д-р Чибишев: Ова со марихуаната е невиден криминал, категорично бев против легализацијата и сум бил во право!

Во 2015 година кога се праваше притисок за легализирање на марихуаната, односно маслото од канабис, и кога дел од јавноста сметаше дека тоа е можеби спасоносно решение за болните од рак, што

Шокантно откритие: Советник на министер влијаел на обвиненија, тврди обвинителката Кадриу

Советникот имал информации од истрага која според законот морала да биде тајна а за него досега не е поведена постапка за одговорност Советникот имал информации од истрага која според законот морала да

Екс-обвинителката во СЈО Лејла Кадриу открива: Мистериозен советник на министер нарачувал обвиненија

Советникот имал информации од истрага која според законот морала да биде тајна а за него досега не е поведена постапка за одговорност Советникот имал информации од истрага која според законот морала да

Меџити од Камењане: ВЛЕН се обединува во силен политички субјект

Претседателот на Демократско движење и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, синоќа во Камењане оствари средба со структурите на Демократско движење – ВЛЕН, при што ја истакна силната организациска поставеност и
Go toTop