Поларни температури во Ајова, жежок изборен старт

January 14, 2024
1 min read

Централните и источните американски држави се погодени од силен дожд, силен ветер и обилни снежни врнежи. Повеќе од 182.000 домови се без струја во Орегон и речиси 10.000 во Вашингтон. Во Мичиген, повеќе од 61.000 домови останаа без струја, а повеќе од 57.000 во Висконсин.

Метеоролозите прогнозираат температурата да се спушти на 20 степени под нулата и тоа ќе значи дека само најхрабрите и најиздржливите ќе излезат на партиските собири за да се изјаснат кој да ги застапува нивните интереси во белата куќа.
И додека демократите речиси и да немаат избор, откако претседателот Џо Бајден објави дека ќе се бори за уште еден мандат, републиканците се пред тежок избор. Сите анкети укажуваат дека поранешниот претседател Доналд Трамп има огромна предност врз сите противници што најавија дека ќе се борат за претседателската номинација меѓу републиканците.
Поради убедливата предност, Трамп речиси воопшто не се појавуваше на митинзи ни во Ајова ни во други сојузни држави. Тој кампањата ја води во свој стил – со пораки и коментари на социјалните мрежи. Поради студот и невремето другите потенцијални републикански претседателски кандидати ги откажаа завршните митинзи во Ајова, тие не се откажуваат од трката, бидејќи фаворитот Трамп може да биде елиминиран во секој момент.
Во изминатите 12 и пол месеци, Трамп одржал само 24 митинзи во 19 окрузи во Ајова, двојно помалку од поранешната амбасадорка во Абединетите Нации Ники Хејли, четири пати помалку од гувернерот на Флорида, Рон Десантис, и дури десет пати помалку од Вивек Рамасвами, кој одржал 239 митинзи во 94 окрузи.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претреси во Скопје, приведен дилер на дрога, ќе биде запленет имот вреден над 600.000 евра

Следно

Пожар во стан во Ново Лисиче, причинета материјална штета

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop