Погребан младиот музичар Џоко Ѓоргиев, тапанар на ДНК кој загина во пожарот

March 20, 2025
1 min read

Денеска на гробиштата во Струмица е погребан младиот музичар Џоко Ѓоргиев (25), тапанар на групата ДНК, кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани.

Колегите од ОМУ „Боро Џони“, каде работеше Ѓоргиев, денеска на комеморативна седница со аплауз и песна се простија од него, а за младиот музичар говореше директорката на музичкото училиште Клара Патарова.

-Надвор од ова просторија има уште стотици, илјадници луѓе со истото чувство, дека загубиле дел од себе, некој свој оти кој тебе не те сакаше златно дете. Како и досега ти умееш да ги сплотиш луѓето и токму со твојата се присутна енергија што ја ширеше, сега црпиме сила да го прифатиме она што не може да се промени, истакна Патарова.

На комеморацијата присуствуваа членовите на неговото потесно семејство, колеги музичари и голем број граѓани.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје

Следно

Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Марибор!

Latest from Blog

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното
Go toTop