Поднесени измени на Законот за јавни патишта: Ќе се подобрува безбедноста и модернизира системот за наплата на патарини

June 25, 2025
1 min read

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменковска-Трајковска денеска изјави дека во Собранието се поднесени измени на Законот за јавни патишта, со кои, според неа ќе се зголеми безбедноста и ќе се промени системот на наплата на патарните, со цел да се избегнат гужви и метежи на наплатните станици. Исто со овие измени се планира одредена категорија на граѓаните да се ослободат од плаќања на патарини.

„Заедно со неколку пратеници и во консултација со Министерот за транспорт, господинот Александар Николоски и неговиот кабинет, поднесовме измени на Законот за јавни патишта.

Ќе ги издвојам трите најзначајни новини од предложените измени:

1. Подобрување на безбедноста на патиштата

Во предложениот закон се вклучува нова, појаснета дефиниција за експресен пат, што ќе овозможи подобро планирање и уредување на патната мрежа. Дополнително, се проширува можноста за примена на мерки за забавување на сообраќајот на јавни патишта, во согласност со стандардите за сообраќајна безбедност – сè со цел да се намалат ризиците и да се заштитат сите учесници во сообраќајот.

 2. Модернизација на системот за наплата на патарина

Соочени со предизвиците од сè поголемиот сообраќаен интензитет, предвидуваме воведување на постпејд и припејд модели за наплата на патарина, како и можност за надополнување на електронските уреди – М-карта и М-таг – преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата држава. Целта е да се намалат гужвите на наплатните станици, да се зголеми ефикасноста и да се поттикне користење на електронски системи за плаќање.

 3. Ослободување од патарина за специфични категории граѓани

Социјалната димензија на овие измени предвидува ослободување од плаќање патарина за лицата кои имаат извршена трансплантација на орган или ткиво, како и за донори на органи или ткива. Веруваме дека ова е мал, но значаен чекор во насока на поголема поддршка и почитување кон овие лица.

Со овие измени поставуваме нови стандарди за безбедно, модерно и правично користење на патиштата во Република Македонија.“, рече Стаменковска-Трајковска.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова: Имав пријатен разговор со премиерот на Бугарија

Следно

Германскиот канцелар вели дека НАТО треба да ги зголеми трошоците за одбрана поради заканата од Русија

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 16–19.03 со 44,44 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 16.03.2026 – 19.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 252 трансакции со вкупен промет од 44.435.187 денари

Со желби за здравје и благосостојба: ФФМ го честита Рамазан Бајрам

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упати честитка до сите граѓани по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, посакувајќи здравје, мир и благосостојба. Во својата објава, од ФФМ истакнуваат дека овој празник носи

МОРНАР ТРЧАЛ ПО ПАЛУБАТА и случајно ја открил локацијата на француски носач на авиони

Локацијата на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ беше откриена речиси во реално време откако еден морнар го сними своето трчање на палубата користејќи го популарниот фитнес тракер „Страва“. Безбедносниот пропуст

Rina Ajdari u përgjigjet deputetëve të VLEN-it

Deputetja dhe koordinatorja e grupit parlamentar të BDI-së, Rina Ajdari gjatë seancës së sotme të parlamentit u është përgjigjur deputetëve të VLEN-it dhe kryeparlamentarit Afrim Gashi, duke i akuzuar ato se kanë
Go toTop