Поднесена интерпелација за Весна Дамева, член и екс претседател на Судскиот совет

February 7, 2025
1 min read

Група пратеници од Собранието денеска до спикерот Африм Гаши поднеле документ со кој бараат интерпелација за работата на член на Судски совет.

Интепрелација се бара на Весна Дамева, член на советот и екс претседател.

-Интерпелацијата за работата на членот на Судскиот совет се поднесува, заради недоследно спроведување на надлежности, особено заради негрижа, односно нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и на целиот правосуден систен, односно судството во целина, се вели во поднесокот од групата пратеници.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика пратениците инклузивно да работата за промена во Судскиот совет.

-Ги повикувам сите пратеници во парламентот ако се согласуваат дека треба да се распушти овој Судски Совет, кој тие го гласале, кога ќе дојде точката на дневен ред да гласаат да бидат разрешени членовите на Судски Совет, а потоа заедно да најдеме луѓе кои ќе мониторираат и ќе бидат тие кои ќе идентификуваат судии кои злоупотребуваат тоа што се судии и кои се причинители поради нивните контроверзни одлуки на некои процеси кои не треба да ни се случуваат, посочи премиерот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шолц: Санкциите на Трамп за Меѓународниот кривичен суд се погрешна одлука

Следно

Апелација ја преиначи одлуката: Наместо поправен дом, Васил Јованов осуден на 3 години и 10 месеци затвор за претходното дело

Latest from Blog

Ѓоковиќ во финале, Медведев дисквалификуван откако збесна и удри навивач со топче во глава (Видео)

Новак Ѓоковиќ ја оствари својата 33-та победа во Пекинг! Тој триумфираше над Данил Медведев, кој беше дисквалификуван! Ноле победи по маратонски меч – при резултат 7-5, 5-3, 15-15 – и со тоа

ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА – Јемен ја презема контролата кај Баб ел-Мандеб

Воените сили на меѓународно признатата јеменска влада тврдат дека ја презеле контролата врз стратешката област кај морскиот премин Баб ел-Мандеб од Хутите како дел од новата воена операција наречена „Јеменска зора“. Воениот

Швајцарците се жалат и за тревникот на стадионот во Луцерн, исто како и за Националната арена во Скопје

Швајцарија ја совлада Словенија со 2-1 и стигна до три победи во Лигата на нации, но триумфот на домашен терен донесе и сериозна главоболка пред следниот натпревар. Теренот во Луцерн, според информациите
Go toTop