Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана од 19 до 21 март

December 23, 2024
1 min read

Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана во периодот од 19 до 21 март, изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој информираше дека утре судот ќе има редовен работен состанок, на кој ќе се утврдуваат листата на учесници и спорните правни прашања во врска со иницијативите по овој закон.

-Очекувам дека во текот на утрешниот ден ќе бидат утврдени и спорните правни прашања и листата на учесници. Ние имаме предлог од судијата известител, но секој е слободен да предлага, рече Костадиновски.

Дополни дека се предложени повеќе од 20 имиња, а станува збор за експерти по уставно право, меѓународно право, човекови права и поранешни судии на Европскиот суд за човекови права.

Претседателот на Уставен информираше дека е побаран пријателски совет од Венецијанската комисија, и информираше дека пријателскиот совет ќе биде усвоен на седницата на 14 и 15 март.

-Што значи дека подготвителната седница може да се очекува во наредните денови. Веднаш штом 14-15 се усвои пријателскиот совет, ќе биде објавен јавно на 17 или 18. Побаравме претставник од Венецијанската комисија да дојде и на подготвителната седница да го образложи пријателскиот совет. Моите очекувања се дека во тие денови 19-21 ќе биде одржана подготвителната седница, додаде тој.

Тој изрази жалење за недоаѓањето на некои од неговите колеги на седницата, но истакна дека нема да дозволи никој да ја уценува или блокира работата на Уставниот суд.

-Минимум кворум за работа на судот се пет судии, одлуките се носат со пет гласа, освен ако не е потребно квалификувано мнозинство. Подготвителната седница ќе се одржи доколку се исполнети условите од минимум судии присутни за работа, рече Костадиновски.

Во однос на изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, кој рече дека албанскиот јазик не е прашање за Уставниот суд на Македонија, Костадиновски изјави дека тие изјави биле непримерни и недостојни.

-Ако влеземе во коментари на странски државници, тоа не е моја работа. Но, секоја изјава од домашен или од странски чинител, што изразува сомнеж или етикетира наше постапување, должен сум да реагирам и реагирам,“ додаде тој.

По денешниот пресек за работата на Уставен суд, за која Костадиновски изјави дека беше година на крупни реформи и политички притисоци, претседателот, меѓу другото, беше прашан и за рефератот за измените на Кривичниот законик донесени лани во септември, при што посочи дека последните информации се дека е во завршна фаза.

– Во наредни месец-два судот ќе расправа за рефератот за измените на КЗ. Во завршна фаза е рефератот, штом е предаден, тоа значи дека или денеска или утре ќе стигне кај мене, штом стигне кај мене на некоја од наредните седници ќе биде ставен за расправа и одлучување пред Судот. Убеден сум дека во првите месец, два во наредната година Судот ќе расправа и за ова прашање, рече тој.

Во однос на причината зошто и после две години не се одлучува, посочи дека за тој предмет не важат роковите од новиот Акт.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Штип

Следно

Советникот за национална безбедност на Трамп смета дека американската војска не треба да биде во Сирија

Latest from Blog

Меџити до Курти: Благодарам за честитката за победите на ВЛЕН, Македонија и Косово градат стабилно партнерство

Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир, ја истакна добрата соработка меѓу двете влади во порака до премиерот на Косово, Албин Курти. – Благодарам за честитката за победите на ВЛЕН во секој дел

Ѓорѓиевски веднаш започнува акција за чистење и нормализирање на јавниот превоз

Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски, по примањето на уверението за избор, најави дека веднаш ќе започне со акција за чистење на градот и преземање на конкретни мерки во јавните градски претпријатија. –

Јаневска: Новата Стратегија за образование ќе обезбеди континуитет на започнатите ефективни промени во ресорот

Образованието е скапа работа. Но, вредноста на квалитетот е поголема од било која цена и затоа Владата на Македонија останува фокусирана на сите промени што мора да се случат до конечната цел,

ИНЖЕНЕРОТ ЃОРГИЕВ за Нова Македонија: Рудникот „Злетово“ останува двигател на локалниот развој на општина Пробиштип и во иднина

Рудникот „Злетово“ е најстариот активен рудник во Македонија и повеќе од осум децении обезбедува континуитет во локалната економија на општината Пробиштип. Геолошкиот потенцијал на ова наоѓалиште на олово – цинкова руда е

Ѓорѓиевски го презеде мандатот: „Скопје го менуваме од корен“

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го презеде уверението за функцијата, истакнувајќи дека му претстои обврска да работи одговорно и посветено во интерес на сите граѓани. – Денешното уверение
Go toTop