Подгответе се за големо невреме: Еве што вели временската прогноза

August 30, 2025
1 min read

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд и за кратко време ќе наврнат над 20литрина квадратен метар, како и со засилен ветер од над 60 километри на час и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд и изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно и топло време.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По повод Меѓународниот ден на исчезнатите лица: Тажната вистина за исчезнатите лица во Србија

Следно

Овие хороскопски знаци се вечни ОПТИМИСТИ, што и да им направите, во тоа ќе видат нешто ДОБРО

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop