Податоците од под тлото на Марс покажуваат дека планетата можеби имала океани и плажи

February 25, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Истражувачите од Универзитетот „Пен Стејт“ во САД и од Универзитетот „Гуангџоу“ во Кина ги испитуваат податоците на снимките на кинеското копнено возило „Куронг“ направени под тлото на Марс.

Истражувачите откриле сличности кога ги споредувале податоците на „Куронг“ со податоците земени од под тлото во близина на брегот на нашата планета.

Истражувачите изјавија дека подземната структура на Марс е под агол кој е сличен на копнените брегови на Земјата кои се стремат кон рамнини или океани, што според овие податоци, укажува дека претходно имало плажи и океани на Марс.

Истражувачите забележаа дека е можно положбата на овие плажи да се сменила со текот на времето, и дека некои структури биле видени како наклонети кон север и дека плажите можеби, со текот на времето напредувале кон океанот.

Истражувачите забележаа дека плажата „се протега најмалку 1,3 километри северно кон океанот“ и дека овие структури укажуваат на тоа дека мора да имало река во областа, што предизвикува плима, бранови и талог.

Според веста што ја објави весникот „Гардијан“, еден од авторите на студијата, д-р Бенџамин Карденас, во својата изјава истакнува дека испитуваните структури не личат на вулкани или песочни дини и бидејќи овие структури укажуваат на плажа и океан, потребно е да се побараат траги од живот.

Наодите од студијата се објавени во списанието „The Proceedings of the National Academy of Sciences“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата ги провери документите кои ги достави СДСМ и ги отфрли шпекулациите и неточните наводи

Следно

Туркије: Црквата „Чангли“ од 11 век е изградена од црни вулкански камења

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop