Почуствувала провев, па зад огледалото открила таен трисобен стан: Ова е најхрабрата жена на светот (ВИДЕО)

November 17, 2025
1 min read

Она што го пронашла зад огледалото во бањата било многу поневеројатно и вистинска мистерија.

„Влегуваш во друга димензија“

Жителката на Њујорк била збунета од протокот на ладен воздух што го чувствувала секој пат кога влегувала во бањата. Ги запечатила пукнатините, го изолирала прекинувачот, но провевот сепак доаѓал од некаде.

Во вирално TikTok видео, таа го покажала моментот кога решила да го тргне огледалото од ѕидот – и видела голем отвор што води во темна, влажна соба!

Наместо да избега, храбрата Саманта решила да ги истражи просториите. Ги повикала своите пријатели, поставила импровизирана ламба на челото, ставила маска и зела чекан.

Една од нејзините цимерки ѝ рекла: „Влегуваш во друга димензија, само напред!“, споредувајќи ја сцената со сцени од филмот „Паразит“, каде што едно семејство открива таен бункер во сопствената куќа.

@samanthartsoe seriously never would I have expected to find this… and I documented all of it #mystery #fyp #nyc #secret #foryou #apartment #storytime ♬ Mysterious – Andreas Scherren

„Што ми е мене?“

Саманта набрзо сфатила дека е во напуштен стан со три спални соби! Пронашла стар тоалет, црни кеси расфрлани по подот и празно шише за вода, кое нервозно го нарекла „знак на живот“.

Во еден момент, тивко прошепотила: „Што ми е мене?“ и „Кој е мојот план?“, очигледно плашејќи се од тоа што друго може да открие.

По кратка обиколка, се вратила низ тајниот отвор и го блокирала, коментирајќи дека нејзиниот газда „ќе добие интересен повик утре“.

Подоцна им изјавила на локалните медиуми: „Очекував да налетам на некого, особено кога го видов шишето за вода. Навистина ме вознемири“.

Станот останува мистерија

Сепак, набрзо сфатила дека станот не е погоден за живеење, објавува „Мирор“.

„Не знам дали се реновирал или е целосно напуштен. Многу е стар, изгледа како никој да не бил таму долго време. Има многу цевки во бањата, нема када, нема тоалет. Подот во она што можеби била кујната е целосно искршен“, открила таа.

Саманта тврди дека дури и менаџерите на зградата биле изненадени од нејзиното откритие, а потеклото на скриениот стан останува мистерија.

„Мислам дека секој во Њујорк живее во толку мал простор што никогаш не знаете што може да најдете. Секој тајно се надева дека ќе открие уште една соба“, рече таа со смеа.

Корисниците на социјалните мрежи во голем број коментираа за видеото од Њујорк.

„Ова е најхрабрата жена што некогаш сум ја видел“, рече едно лице, додека друго додаде: „Сè уште се плашам за тебе“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скандалозно: И хрватскиот коментатор згрозен од скандирањето на хрватските фанови во Подгорица!

Следно

Спектакуларно богатство е пронајдено на ораница во Норвешка: Морав да ги истријам очите (ФОТО)

Latest from Blog

МААЕ: Нападите во близина на иранската нуклеарка може да предизвикаат катастрофа

Нуклеарката на југот од земјата, опремена со реактор од 1.000 мегавати, е погодена четири пати од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран. „Реален ризик од нуклеарна несреќа“ Директорот на МААЕ,

Советот на странски инвеститори ги поздравува напорите на Владата за решавање на проблемот на македонските транспортери

Советот на странски инвеститори ги поздравува напорите на Владата за решавање на проблемот на македонските транспортери со новиот Систем за влез/излез на ЕУ (ЕЕС) и особено најавата на вицепремиерот и министер за

Берзански ден со 25,01 милиони денари промет: Пивара Скопје во подем, банките активни

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.   На берзанската сесија од 6 април 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,21% и заврши на 10.079,47 поени,
Go toTop