Почнуваат уписите на државните универзитети

August 29, 2024
1 min read

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии во академската 2024/2025 година. На 23-те факултети во составот на УКИМ слободни се 9921 место за нови студенти, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти.

Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, како и  во минатите години, најголем број слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705, Економскиот факултет со 700 слободни места…

Цената на партиципацијата за студии за редовните студенти во државната квота е непроменета и останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти износот е 400 евра како и во минатите години.

Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за упис, начинот на пресметка на поените од државната матура и постигнатиот успех во средното образование и потребните документи за конкурирање.

Резултатите од првиот уписен рок на УКИМ ќе бидат објавени на 3 септември, конечната ранг-листа на 6 септември и на 11 и 12 септември ќе биде запишувањето на примените кандидати. 

Вториот уписен рок на Скопскиот универзитет е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024.

Министерството за образование и наука во јуни ги објави утврдените квоти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година, согласно одлуката на Владата.

„Св. Климент Охридски“-Битола има вкупно 2404 слободни места (1309 за редовни студенти во државната квота, 679 за редовни со кофинансирање на студиите и 416 места за вонредни студенти).

На Државниот универзитет Тетово има вкупно 4752 слободни места (2477 во државната квота, 1615 со кофинансирање на студиите и 660 вонредни студенти).

На Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има вкупно 3983 слободни места (за редовни студенти во државна квота 2223, за редовни со кофинансирање на студиите 950 и за вонредни студенти слободни места има 810).

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 364 бруцоши (200 во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти).

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје слободни се вкупно 1805 места за студенти (во државна квота 1260, 325 за редовни со кофинансирање на студиите и 220 за вонредни студенти). 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Активни пет пожари, вчера вкупно 39

Следно

Филмскиот фестивал во Венеција 2024 ветува значајна и незаборавна година за филмската уметност

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop