Почнува ли конечно „One Stop Shop“ системот? Мицкоски и Курти заедно на отворање во сабота на Блаце!

April 10, 2025
1 min read

Граничниот премин Блаце е еден од најфреквентните и за кого најмногу се зборува во последно време!

Тоа е поради километарските колони и долгите чекања на граѓаните за влез-излез од Македонија-Косово. Но сега има надеж дека тоа полека завршува.

По неколку пати одложување на почетокот на „Оне стоп шоп“ на граничниот премин „Блаце“, сега има најава дека истиот ќе започне во сабота, 12 април.

Премиерите на Македонија, Христијан Мицкоски и на Косово, Албин Курти в сабота се очекуваат да присуствуваат на отворањето, што претставува важен симболичен чекор во насока на унапредување на билатералните односи и олеснување на прекуграничниот проток.

Новиот систем ќе значи побрз и поефикасен премин на границата за граѓаните и бизнисите, со една заедничка контрола наместо две одделни.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжуваат измамите: лажен полицаец изнудил 3.000 евра од скопјанка

Следно

Над 50 луѓе загинаа при превртување на брод во ДР Конго

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја
Go toTop