Почнува формирањето на Академијата за јавни службеници

August 26, 2026
1 min read

„Академијата не е само институционална новина. Таа е инвестиција во квалитетот, интегритетот и ефикасноста на јавната администрација, а со тоа и во довербата на граѓаните во институциите.“ Со овие зборови министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја отвори првата работна сесија со тимот кој ќе биде дел од Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници, која треба да започне со работа на полетокот од 2027 година.

Во изминатиот период беа поставени основите за формирање на Академијата, беше спроведена анализа на постојната состојба и потребите, а во наредниот период следува дефинирањето на организацискиот модел, клучните функции и оперативната поставеност на новата организациска единица во рамките на Министерството за јавна администрација.

Во рамките на дводневната работна сесија тимот ќе работи на подготовка на клучните документи за воспоставување на Академијата, како и на преточување на стратешката рамка и четирифазниот патоказ на реформата во конкретен, реалистичен и временски дефиниран акциски план. Овие документи ќе ја постават основата за започнување на оперативната фаза и функционирањето на Академијата во состав на Министерството за јавна администрација.

„Работата во овие два дена бара од секого од нас конкретност и посветеност. Не бараме уште еден документ на хартија, бараме јасен, реалистичен и спроведлив акциски план, со прецизно распределени одговорности, идентификувани ризици и временска рамка на која можеме да се потпреме. Тоа е она што ќе го означи вистинскиот почеток на оперативната фаза на Академијата“ истакна министерот Минчев.

Работната сесија се реализира во соработка со Регионалното училиште за јавна администрација – РеСПА. Преку менторската поддршка, регионалната експертиза и споделените искуства и практики од земјите во регионот, Министерството за јавна администрација добива значајна поддршка во процесот на градење на одржлив и функционален институционален модел на Академијата.

Воспоставувањето на Академијата претставува важен чекор во создавањето современа, професионална и ефикасна јавна администрација, во која континуираното учење, развојот на компетенции и стручното усовршување ќе бидат составен дел од професионалниот развој на јавните службеници.

Министерството за јавна администрација продолжува посветено да работи на реформите кои значат поквалитетна администрација, подобри услуги за граѓаните и создавање услови во кои јавните службеници ќе имаат можност континуирано да ги развиваат своите знаења и професионални компетенции.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Via est vita – започна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Следно

ФОТО + ВИДЕО | Паника на романска плажа: МЕЃУ ЛЕЖАЛКИ ПРОНАЈДЕН ДРОН СО ЕКСПЛОЗИВ

Latest from Blog

Меџити: Честитки до мојот пријател Албин Курти за реизборот за премиер на Косово

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, му честиташе на Албин Курти за повторниот избор за премиер на Република Косово. Меџити оцени дека во периодот што следува Македонија

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop