Почнаа преговорите за новата влада, средба ВМРО-ВРЕДИ

May 11, 2024
1 min read

Преговорите за формирање влада се движат во вистинската насока. Ова е коментарот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој заедно со потпретседателите на партијата, престојуваше над два и пол часа во канцелариите на коалицијата ВРЕДИ, каде се разговараше за формирање на владата, беше пречекан од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари, Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши.
Мицкоски не даде детали за тоа дали на средбата се разговарало за поделба на ресорите или за прашањето на уставните измени. Најави дека јавноста ќе биде информирана преку соопштение.

Од коалицијата не соопштија детали за средбата, туку само изјавија дека разговорите се одвиваат во вистинска насока.

„Како што сте сведоци и денес, во канцелариите на ВРЕДИ беа претставници на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ,на средба за започнување преговори со лидерите на коалицијата ВРЕДИ. Преговорите се одвиваат во вистинска насока и подоцна ќе ја информираме јавноста со деталите”, рече Башким Бакиу, коалицијата ВРЕДИ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера оствари средба со претставници на партиите од коалицијата „Твоја Македонија“, со кои заедно настапија на парламентарните избори. Заменик претседателот на партијата, Тимчо Муцунски, во интервју за Алсат вели дека на средбата се разговарало за трите главни постулати на следната влада, а тоа се економскиот развој, владеењето на правото и патот на интеграцијата на земјата во Европската Унија. Истите постулати ќе бидат дел од преговорите со коалицијата ВРЕДИ./Алсат.мк

Суад Бајрами

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВО НЕДЕЛА Е МАЛ ВЕЛИГДЕН: На една недела по најголемиот празник се слави Томина недела, еве зошто е значаен овој светец

Следно

Деспотовски: Најдобар одговор на обвинувањата од Мицкоски, се резултатите кои слободните економски зони ги постигнуваат

Latest from Blog

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност
Go toTop