Почна судскиот процес за смртта на 135 луѓе на фудбалски стадион во Индонезија 

January 16, 2023
1 min read

Судскиот процес против петмина мажи обвинети за негрижа што предизвика смрт на 135 луѓе на фудбалски стадион во градот Маланга, почна денеска во индонезискиот суд.

Трагедијата се случи на 1. октомври лани, на истокот на островот Јава, откако полицијата употреби солзавец кога навивачи го преплавија теренот по поразот на домашниот тим Арем од екипата Персебаја од градот Сурабаја.

Во стампедото предизвикано од солзавецот, настрадаа 135 луѓе, меѓу кои и повеќе од 40 деца.

Истражниот тим што го формираше индонезискиот претседател Џоко Видодо, како реакција на гневот во јавноста, утврди дека полицијата немала сознание дека користењето солзавец на фудбалските стадиони е забрането, како и дека „неселективно“ го користела на теренот, трибините и надвор од стадионот, што предизвикало стампедо на повеќе од 42.000 луѓе.

Обвинети се тројца полициски службеници, кои дозволиле или наредиле да се употреби солзавец, претседателот на организацискиот одбор на Арем и шефот на обезбедување на стадионот.

Доколку бидат прогласени за виновни им се заканува казна затвор до пет години.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Што точно кажа Ахмети за Телма и Алфа?

Следно

ЗНМ: Непримерно етикетирање на медиуми и од премиерот Ковачевски

Latest from Blog

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски

Општина Битола: Второ место на национално ниво за транспарентно и отчетно работење

Општина Битола го освои второто место меѓу 81 единица на локалната самоуправа во Македонија според Индексот на отворени општини за 2025 година, изработен од Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“. Со освоени

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за
Go toTop