Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени

March 3, 2025
1 min read

Од денеска почнаа да се склучуваат договори за новата реколта тутун. Тутунарите со 10-те откупувачи ќе склучат договори за преземање на годинашново производство по нови цени.

– Законски, од денеска почна склучувањето договори. Мислам дека има интерес, ама сега тутунарите ќе бираат со кој откупувач ќе склучат договори во зависност од понудените цени. Очекуваме годинашнава реколта да биде од 20 000 до 22 000 тони, а тутунот да се засади на околу 16 000 хектари. Очекуваме и зголемен број договори, рече Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија.

Цените што ги понудија откупувачите, по последните преговори со Сојузот, се движат од 414 до 420 денари за прва, од 312 до 360 за втора и од 250 до 300 денари за трета класа. Сојузот побара 510 за прва, 450 за втора и 390 за трета класа, но откупувачите не се согласија на тоа.

-Ќе ги видам сите цени на откупувачите, па ќе решам со кого да склучам договор. Се разбира, кој нуди највисока цена. Инаку, лани имав два тони тутун и сметам и годинава на толкаво производство, можеби нешто повеќе. Ќе видиме со цените, вели прилепскиот тутунопроизводител Стојан Мантов.

И во подрачната единица на Министерството за земјоделство, каде што се пријавуваат парцелите со тутун, очекуваат зголемен интерес.

-Земјоделците мора да ги внесат парцелите за производство на тутун за да склучат договори. Дел од нив ги внесоа, уште примаме барања од заинтересираните земјоделци, а според интересот, тој е поголем од лани, рече Николче Карапеески, раководител на подрачната единица во Прилеп.

Од Прилепскиот комбинат годинава ги зголемуваат количествата тутун што ќе ги откупат. Понудиле повисока цена во споредба со други откупувачи и очекуваат поголем интерес на кооперантите.

-Годинава ќе ги зголемиме количествата на над 2 000 тони, во споредба со ланските 1 750 тони откупен тутун. Се надеваме на поголем интерес кај кооперантите зашто понудивме највисоки цени – за прва класа 420, за втора 360 и за трета класа 300 денари, изјави Александар Алексоски, директор на Тутунски комбинат – Прилеп.

Од Сојузот на тутунските здруженија велат дека не се откажуваат од барањето за повисоки цени на тутунот и ќе го бараат тоа наесен, пред откупот со анекси на договорите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АД МЕПСО и АД ЕСМ заедно работат на развојот на преносната мрежа и интеграцијата на обновливите извори на енергија

Следно

Ердоган: Безбедноста на Европа е незамислива без Туркије

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop