Почна садењето на тутунот во Прилепско, се очекува зголемено производство за 15 проценти

May 19, 2025
1 min read

Почна садењето на тутунот од годинашнава реколта и во Пелагонискиот регион веќе се засадени околу 25 проценти од површините. Според Сојузот на земјоделските здруженија, големи се очекувањата за годинашново тутунопроизводство кое е зголемено за околу 15 проценти.

-Годинава се склучени 33 000 договори со откупувачите за производство од 27 000 тони тутун на околу 14 000 хектари. Тутунопроизводството останува исплатлива земјоделска гранка, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

Младиот тутунопроизводител Гоце Кебакоски од прилепското Кадино Село, годинава за петпати го зголемил производството на тутун и смета дека е најисплатлива земјоделска култура.

-Лани имав засадено 3 декари, а годинава се 15 декари со тутун. Сметам дека во моментов со цената и со субвенциите е најисплатлива земјоделска гранка. Од 15 декари очекувам производство од три тона и сметам дека релативно младите земјоделци главно се решаваат за тутунопроизводство, посочи Кебакоски.

Во светот по Турција, Македонија е втор производител на ароматичен тутун. Има недостиг и тука е можноста да се постигне добра цена, велат од Сојузот на земјоделските здруженија.

-Моментално во светот се испорачуваат 100 илјади тони ароматичен тутун, а потребите се околу 130 000 тони. Има недостиг и се бара тутунот произведен во земјава. Сметам дека  производството е исплатливо и конкурентно, вели Ристески од Сојузот на земјоделски здруженија.

Најавени се измени во Законот за тутун во полза и на производителите и на откупувачите. Подготвена е предлог законската верзија со измените. Се очекува владината поддршка.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Панатинаикос го доведе првото засилување за наредната сезона

Следно

ИСТОРИСКА РАКОМЕТНА МАГИЈА: Кометал Ѓ.П. пред 23 години ја освои Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Latest from Blog

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност
Go toTop