Почна чистењето на скопската железничка станица: се отстрануваат билбордите и рекламите

December 7, 2025
1 min read

Почна чистењето и средувањето на железничката станица во Скопје, информираше директорот на Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски.

„Со цел враќање на автентичниот изглед на станицата, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и други информативни панели кои години наназад го нарушуваа изгледот на објектот“, напиша Ивановски на својата Фејсбук страница. Тој им се заблагодари на компаниите кои се согласиле да ги тргнат билбордите.

Проектот ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата и поставување соодветна илуминација, посочи директорот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Откако на Мајами му донесе трофеј: Меси со оваа изјава го воодушеви светот! (ВИДЕО)

Следно

„Трговецот од Горни Милановац нема да ја направи победничка партијата со измислување клевети, тоа покажува дека СДС не научи ништо од поразот“

Latest from Blog

Функционер во ОН предупредувал на глад во Газа, па останал без работа

Бенџамин Дејвис рече дека раководството на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) не сакало да му го продолжи договорот на позицијата директор на одделот за рурална трансформација и родова еднаквост, пишува „Гардијан“.
Go toTop