Почина оперската примадона Милка Ефтимова

August 13, 2025
1 min read

На 89 годишна возраст почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот.

Во својата долготрајна, богата и плодна кариера, таа отпеа четириесет оперски улоги, како и многубројни партии во ораторијални дела и соло изведби, застанувајќи повеќе од 1.200 пати на оперската и концертната сцена, во дваесетина земји низ светот.

Со извонредна музикалност и изразито чувство за артизам, таа ги креираше Орфеј во ,,Орфеј и Евридика”, Ацучена во ,,Трубадур”, Еболи во ,,Дон Карлос”, Сузуки во ,,Мадам Батерфлај”, Марфа во ,,Хованшчина”, Урлика во ,,Бал под маски” и многу други, а најголем печат остави во насловната улога на ,,Кармен”. Од оперската сцена јубилејно се прости токму со Кармен на 6 ноември 1991 година.

Милка Ефтимова беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, наставник на Музичко-балетскиот училиштен центар во Скопје и Средното музичко училиште во Штип. Во нејзината богата оперска кариера одликувана е со наградите: „11 Октомври“ (1985), „Св.Климент Охридски“ (2001), „Мајка Тереза“ (2009), како и Орден за заслуги на Република Северна Македонија (2022).

Нејзинито тело ќе биде изложено в сабота, на 16 август, во 10 часот во капелата во Радовиш, а погребот ќе се изврши во 11 часот на гробиштата во Радовиш.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: 24 години по Охридскиот договор – од мир до нова визија за државата

Следно

Димитриеска Кочоска: Петта транша од 11,3 милиони евра за поддршка на домашниот бизнис

Latest from Blog

Мета деактивирала над 540.000 профили поради забраната за социјални мрежи во Австралија

Компанијата „Мета“ деактивирала повеќе од половина милион кориснички профили во Австралија како последица на првата во светот забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години, соопшти денеска компанијата. Според

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред

ЗА ПРВ ПАТ СИТЕ ДЕТАЛИ ОД ПОЖАРОТ ВО КРАН МОНТАНА: Обвинети за “Убиство од небрежност!“

Сопствениците на швајцарски бар каде што 40 лица ги загубија животите во пожар на новогодишната ноќ раскажаа како келнерка за која верувале дека е „поќерка“ се задушила „во куп тела зад заклучена
Go toTop