Почина најдобриот бугарски селектор во историјата, Димитар Пенев

January 3, 2026
1 min read

Бугарските медиуми попладнево ја пренесоа информацијата дека на 80. годишна возраст почина најдобриот фудбалски селектор кој оваа земја го имала, Димитар Пенев.

Со него Бугарија го оствари најголемиот успех во историјата кога на Мундијалот во 1994 година во САД го освоија четвртото место со легендарната генерација на Христо Стоичков.

Пенев тогаш беше селектор и влезе во фудбалските анали на нашиот источен сосед.

Тој поголемиот дел од својата кариера го помина во ЦСКА, каде што се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во историјата на клубот. Со „Армејците“ освои седум шампионски и пет куп титули.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потпретседателката на Венецуела бара доказ за живот, не е познато каде се наоѓа Мадуро

Следно

ТАЖНА ВЕСТ: Македонецот Стивен Ивановски кој се водеше како исчезнат по пожарот во Кран-Монтана, пронајден мртов

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова до католичките верници: Велигден да донесе мудрост и солидарност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Велигден, упати честитка до Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, како и до сите верници од католичка вероисповед изразувајќи искрени желби празничните денови

МААЕ повикува на воена воздржаност за да се избегне ризикот од нуклеарна несреќа на Блискиот Исток

Повикот на Гроси следува по нападот врз нуклеарниот објект Бушер во јужен Иран. Гроси објави на социјалната мрежа X дека не е пријавено зголемување на нивото на зрачење, но повика на максимална

Трипуновски: Го слушаме гласот на земјоделецот, добронамерните идеи и сугестии ги реализираме на дело

Општина Битола има значително влијание во земјоделското производство, затоа вечерва на трибината „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, испративме јасна порака дека земјоделството е еден од столбовите на македонската економија, истакна
Go toTop