Почина ирската пејачка и кантавторка Шинејд О’Koнор – на светот и го подари хитот Nothing Compares 2 U

July 26, 2023
2 mins read

Почит кон пејачката оддаде ирскиот премиер Лео Варадкар, посочувајќи дека нејзината музика „беше сакана низ целиот свет, а нејзиниот талент беше надвор од секаква споредба“

Музичката уметница од Даблин беше најпозната по нејзиниот сингл Nothing Compares 2 U, издаден во 1990 година, кој се искачи на првото место на музичките топ листи, а беше прогласен за број еден сингл во светот од „Билборд“

Светски позната ирска пејачка, кантавторка и активистка Шинејд О’Конор почина на 56-годишна возраст.  

Веста во јавноста преку соопштение ја објави нејзиното семејство, кое напиша: 

„Со голема тага објавуваме дека почина нашата сакана Шинејд“, 

Шинејд О’Конор за време на настап на фестивал во Швајцарија во 2008 година / Фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Почит кон пејачката оддаде ирскиот премиер Лео Варадкар, посочувајќи дека нејзината музика „беше сакана низ целиот свет, а нејзиниот талент беше надвор од секаква споредба“, пренесува Би-би-си.

Музичката уметница од Даблин беше најпозната по нејзиниот сингл Nothing Compares 2 U, издаден во 1990 година, кој се искачи на првото место на музичките топ листи, а беше прогласен за број еден сингл во светот од „Билборд“. 

Инаку, пејачката, која беше отворена во нејзините општествени и политички ставови, издаде вкупно 10 студиски албуми. 

Нејзиниот прв албум The Lion and the Cobra излезе во 1987 година, влегувајќи во топ 40 во Велика Британија и Соединетите Американски Држави.(САД). 

Нејзиното второ музичко издание I Do Not Want What I Haven’t Got, во кое беше вклучено Nothing Compares 2 U, беше хит број еден. 

Претходно оваа година на О’Конор ѝ беше врачена наградата за класичен ирски албум на RTÉ Choice Music Awards, откако пред две години таа објави дека се повлекува од музичката сцена.   

„Објавувам моето пензионирање. Нема повеќе турнеи и нема повеќе работа со етикети. Стара сум и уморен. Време е да престанам, до сега давав се од себе во бизнисот“,

напиша тогаш Шинејд на Твитер.

Ирската пејачка на прес-конференција во Варшава, Полска во 2008 година / Фото: EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI POLAND OUT

О’Конор, родена во Даблин на 8 декември 1966 година, го добила името по Шинејд де Валера, сопруга на ирскиот претседател Имон де Валера. Таа беше трето од петте деца во семејството.  

Иако продолжи да настапува под името Шинејд О’Конор, пејачката го прифати исламот во 2018 година и го промени своето име во Шухада Садакат. Во 2021 година ги објави своите мемоари Memories, додека минатата година беше издаден филм за нејзиниот живот, режиран од Кетрин Фергусон. 

Пред петнаесет години и беше дијагностицирано биполарно растројство, а во интервјуата зборуваше за други психички проблеми, особено за анксиозност и самоубиствени мисли. Во 2012 година таа ја откажа својата турнеја поради нервен слом. 

Пејачката се мажеше четири пати и имаше четири деца. Нејзиниот син Шејн ненадејно почина минатата година на 18-годишна возраст. 

Пишувајќи на социјалните мрежи по неговата смрт, таа рече дека тој „одлучил да ја прекине својата земна борба“ и побара „никој да не го следи неговиот пример“. 

Настап на О’Конор во клубот Аквариум во Будимпешта / Фото: EPA-EFE/Marton Monus HUNGARY OUT

Покрај со своите музички хитови, таа ќе остане запаметена и по еден значаен и контроверзен настан во нејзината кариера што се случи во 1992 година кога искина фотографија со ликот на тогашниот папа Јован Павле Втори во американското телевизиско шоу Saturday Night Live, каде што таа беше поканета како изведувач, потсетува Би-би-си. 

По акапела изведбата на нумерата War (Војна) на легендарниот Боб Марли Војната на Боб Марли, таа погледна во камерата и рече „бори се со вистинскиот непријател“, во знак на протест против Католичката црква. 

Инцидентот резултираше со доживотна забрана за настап на радиодифузерот Ен-би-си и предизвика протести против неа во Соединетите Американски Држави. 

„Не ми е жал што го направив тоа. Беше брилијантно“,

рече таа во интервју за Њујорк Тајмс во 2021 година. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА ИРСКАТА ПЕЈАЧКА И КАНТАВТОРКА ШИНЕД О’КОНОР

Следно

Пендаровски ги одликуваше со орден на заслуги членовите на легендарната група „Леб и сол“

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop