ПОЧИНА АРХИТЕКТКАТА МИМОЗА НЕСТОРОВА-ТОМИЌ, АВТОРКА НА СРУШЕНАТА СТОКОВНА КУЌА „БЕКО“

May 24, 2024
3 mins read

Почина архитектката Мимоза Несторова-Томиќ, една од најреномираните автори и урбанисти во Македонија. Имаше 95 години.

Во богатата и наградувана кариера, за Несторова-Томиќ се издвојува дека како дел од тимот на Градскиот завод за урбанизам и архитектура работела на Деталниот урбанистички план за скопската Стара чаршија, за реконструкција на Сули ан, на ревитализација на Старата чаршија и Чифте амам, авторка е на проектот за стоковната куќа „Беко“, на Музејот на Македонија (со Кирил Муратовски), работела реконструкција на ентериерот на Универзалната сала и била една од урбанистите кои работеле на разработка на проектот од јапонскиот архитект Кензо Танге, на обновувањето на Скопје после земјотресот.

САКАМДАЖАМ.МК на неколку пати разговараше со реномираната архитектка, и таа секојпат со голема луцидност и остри критики реагираше за фелата и за урбанизмот во Скопје. Во февруари, разговаравме со неа за тоа како ја срушија зградата на поранешно „Беко“ во центарот на Скопје, чија авторка е таа, без да ја консултираат, без фелата да ја одбрани, споредувајќи го нејзиниот пример со реновирањето на легендарниот белградски конгресен комплекс „Сава центар“.

Зградата на стоковната куќа „Беко“ почна да се урива во мај 2018, а денес веќе целосно ја нема. Несторова-Томиќ уште тогаш реагираше дека ја урнале со изговор оти имало проблем со конструкцијата.

„Тотално не се во право, оти 6 месеци не можеа да ја срушат. Можеше само пренамена да се направи во духот на проектираната функција“, рече таа. Тоа беше стоковна куќа по теркот на европските кои, вели, сѐ уште одлично функционираат во ова современие.

„Ако има потреба за реновирање на фасадата може да помогне архитектот, но не можете да му го рушите објектот и да го негирате објектот затоа што не го сакате архитектот. Од една страна, ние сме први сеирџии, а од друга страна тој антагонизам е многу присутен . Колегијалноста ја нема“, ни рече Несторова-Томиќ.

„Ме прашувате дали сум лута. Вие денес ме прашувате тоа што си се прашував јас тогаш. Лута сум и на колеги кои не реагираа, лута сум и на Асоцијацијата, сите се прават глуви, може да правите што сакате. Ако еднаш прекршите правило, не се чудете ако пак ви се прекрши. Бев повредена ама тоа е, ќе преболите. Не велам дека и денес не ми е криво. Им реков: ‘Колеги, барем заштитете ги колегите’, они ми рекоа ‘Ма, глеј си работа’ . Тоа е најлоша работа кога ќе ви речат така, најпростиот одговор, чаршиски би рекла. Сѐ е историја во градот. Треба да се размислува околу тоа дали објектот има историски вредности, но епохата треба да ја чувате“, рече таа.

Несторова-Томиќ сликовито опишуваше каков бил распоредот, на приземјето била сместена парфимерија, козметика, накит, позамантерија и аксесоари, се продавале бомбониери. Детската колекција била на мезанинот. Машката облека била на прв спрат, женската на втор спрат, а на третиот спрат имало роба за домот, килими, опрема за лов и риболов, и катче со кафетерија. Имаше квалитетна роба од цела Југославија, вели таа.

„Водев сметка за психологијата, мајката за детето ќе се качи и на последен спрат, а мајката и за себе ќе се качи на последен спрат. Многу колешки ми честитаа срдечно. Колешката Олга Папеш баш ми рече: ‘ Кога сакам да се одморам, одам во ‘Беко’. Може и да немам намера да купам нешто, ама ако ме бендиса нешто и ќе си купам. Толку ми е пријатно таму’“, додаде таа.

Несторова-Томиќ ни кажа дека кога Тајванците ја купиле зградата, побарале да се сретнат со неа оти ги почитувале авторските права и постојано ѝ велеле дека ништо нема да променат, ништо нема да осквернават, и се плашеле да не ги тужи. Мали промени се направени во договор со авторката.

Кога локалниот бизнисмен ја купил зградата, ја повикал и ѝ кажал дека сака да ја пренамени во хотел, а таа му рекла дека тоа не е објект кој може да се преправи во хотел, може да се пренаменат некои делови. „Немам друг одговор“, ѝ рекол новиот сопственик.

Потоа таа реагирала и во Општина Центар, а од Секторот за урбанизам ѝ рекле дека е тоа приватна сопственост и сопственикот може да прави што сака.

„Архитектот треба да има почит и етика и спрема својот колега и соработник и спрема својот град, а ние тоа го немаме. Ние имаме и Градски и Државен завод за заштита на споменици. Дали нам ни се почитува нешто? Дали имаат сила да спречат нешто? Факултетот за архитектура ништо не реагираше. Кај нас е утопија некој да ве заштити од самоволието на Општината. Не може ако се приватизира нешто, да правиш што сакаш туку треба да се следат пропозициите на зачувување на стилот на едно време, квалитетот на објектот, со мудрост на современата, на она што следи и што е најважното “, рече тогаш Несторова-Томиќ.

 

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сообраќајот тековно, нема чекања на граничните премини

Следно

Празничен дневен хороскоп: Овој знак го очекува зближување со саканата личност, а еве на што да внимава особено еден хороскопски знак

Latest from Blog

Трамп го угости извршниот директор на Мета, Закерберг, на вечера во неговиот клуб Мар-а-Лаго во Флорида

ИСТАНБУЛ (АА) – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го угости извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, на вечера во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида, објави „Си-би-ес њуз“, пренесува Анадолу. Средбата ги спои

Стојаноски: Наместо да работеа за подобрување на стандардот на граѓаните, СДС-ДУИ мислеа на богатење на својот џеб

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на седницата посветена за пратенички прашања, постави три прашања кон претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. За своето прво прашање, тој побара став од претседателот на

Гаши за уставните измени: Штом ќе има политички договор ние сме спремни да ја почнеме процедурата

На денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Африм Гаши нагласи дека законодавниот дом е подготвен да ја почне процедурата за донесување на уставните измени, доколку, како што рече, има политички договор.

Со „Избрани дела“ од Такит, се зголеми фондот книги преведени од латински на македонски

Од печат излезе нов превод од латински јазик во едицијата „Арго“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, со што се зголеми фондот на книги преведени од латински. Се работи за книгата „ИЗБРАНИ ДЕЛА“ од
Go toTop