По вчерашните инциденти, за денеска најавена шестчасовна блокада на Белград

December 25, 2023
2 mins read

За синоќешните протести, пак, кога беа уапсени повеќе од 30 демонстранти, од листата „Србија против насилство“ соопштија дека режимот на Александар Вучиќ уште еднаш го покажал своето вистинско – насилно лице

Студенти и млади луѓе кои се поддржувачи на коалицијата „Србија против насилството“ (СПН) за денеска најавија шестчасовна сообраќајна блокада на две локации во Белград поради, како што тврдат, кражба на изборите кои се одржаа на 17 декември.

Тие ги повикаа граѓаните да се соберат во 11 часот пред Министерството за државна управа и локална самоуправа, од кои бараат да се овозможи проверка на избирачкиот список, пренесува агенцијата Бета.

Според нив, протестот ќе трае еден час, колку што ќе му дадат на министерството да одговори на нивните барања, по што ќе блокираат две сообраќајници, чии локации не ги откриваат „поради безбедносни причини“.

Блокадата, како што најавија, ќе почне во 12 и ќе трае до 18 часот, а секоја наредна би можела да биде и подолга доколку не се исполнат нивните барања.

Протестите поради изборни нерегуларности започнаа на 18 декември, ден по изборите, а се одржуваат секој ден во 18 часот пред седиштето на Републичката изборна комисија.

На тие протести повикаа претставниците на листата „Србија против насилството“ кои бараа поништување на изборите на сите нивоа, обвинувајќи за изборна кражба. Неколкумина од нив почнаа и штрајк со глад.

За денеска не е потврдено дали ќе се одржи и тој протест. Претставникот на листата „Србија против насилството“, Павле Грбовиќ, изјави дека средбата на опозицијата на која ќе се разгледуваат понатамошните чекори било планирано да се одржи синоќа.

За синоќешните протести, пак, во кои беа уапсени повеќе од 30 демонстранти, од листата „Србија против насилство“ соопштија дека режимот на Александар Вучиќ уште еднаш го покажал своето вистинско, насилно лице.

Како што наведуваат во соопштението, властите не дозволиле градски советници и народни пратеници да влезат во градското собрание, ги испратиле своите хулигани да прават инциденти, а на крајот Вучиќ испратил специјални единици кои употребиле брутална сила врз граѓаните кои протестирале поради украдени избори.

„За тоа сведочат бројните видеа, како и фактот дека еден од демонстрантите бил брутално претепан и му била скршена ногата, клоцајќи го додека лежел на земја. Полицијата го нападна и Радомир Лазовиќ, копретседател на Зелено-левиот фронт и тоа по завршувањето на протестот“,

се наведува во соопштението.

Го осудуваме насилството со кое режимот ги разби демонстрациите на граѓаните кои само бараат поништување на изборите, како и обидот мирните протести да се прикажат како насилни, соопштија од СПН.

„Посебно го осудуваме апсењето на голем број луѓе кои протестираа кои не дадоа никаква причина за тоа. Ќе им обезбедиме правна заштита. Најостро ги осудуваме лагите изнесени од Александар Вучиќ во неколкуте јавни обраќања вечерва. На граѓаните им ветуваме дека без оглед на цената, нема да се откажеме од борбата за поништување на изборите и нормална и пристојна Србија која сите ја посакуваме. Никогаш нема да ја прифатиме кражбата што беше организирана на изборите на 17 декември. Не е прашање која партија ќе биде на власт, прашање е опстанокот на Србија“,

се додава во соопштението.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека за време на синоќешниот протест пред градското собрание на Белград  уапсени се повеќе од 35 „насилници и силеџии“.

„Продолжува апсењето на насилници низ градот и оваа акција нема да престане. Во овој момент се утврдува идентитетот на некои лица, а сите лица ќе бидат уапсени во текот на ноќта и наутро“,

изјави Вучиќ за белградски медиуми по седницата на Советот за национална безбедност.

Тој додаде дека двајца полицајци се тешко повредени, а неколку полесно. Според неговите зборови, синоќа бил направен обид за „насилно окупирање на државните институции“, и дека има докази дека се „било однапред подготвено“.

За денеска, во 15 часот, шефот на бирото за координација на безбедносните служби Ивица Дачиќ најави дека е закажан состанок на тоа тело, со раководителите на службите и надлежните обвинители.

Приврзаниците на коалицијата „Србија против насилство“ (СПН) вчера направија обрач околу зградата на Градското собрание на Белград и се обидоа да упаднат во самата зграда. Имаше туркање пред влезот, а искршено е и стаклото од влезната врата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сончево и топло, температурите до 17 степени

Следно

Од вечерва до Божиќ богата музичка и детска програма на плоштадот „Македонија“

Latest from Blog

Турски државјанин почина во автобус кон комплексот Свети Наум во Охрид

На 18.05.2025 во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон туристичкиот комплекс „Св.Наум“, починал турскиот државјанин И.Х.(64). Смрт без траги на

Изборот на новиот Гувернер на Народна банка ќе почека на конечната одлука на Силјановска

Претседателката на државата денес треба да достави до Собранието предлог за нов гувернер на Народната банка, за кој, според најавите, ќе се одлучува утре на пленарна седница. Петгодишниот мандат на сегашната гувернерка

Макрон ќе најави рекордни 37 милијарди евра странски инвестиции во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе најави рекордни 37 милијарди евра странски инвестиции на годишниот самит „Избери ја Франција“ (Choose France), во момент кога локалната економија се соочува со висок дефицит, слаб

МВР со апел за безбедни матурски прослави

„На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, е апелот од МВР за безбедни матурски прослави. Како што информираат од МВР,
Go toTop