„По свадба тапани“, откако пламените јазици ја сардисаа Македонија, власта на Мицкоски вежба патриотизам

July 27, 2025
3 mins read

АКТИВНИ ПОЖАРИ (12):

1. Василево / Радовиш / Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);

2. Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (Новаци) и крак кон границата со Р. Грција (мешана шума);

3. Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци); под контрола помеѓу Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација);

4. Македонски Брод – помеѓу Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);

5. Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);

6. Петровец – с. Средно Коњаре, крај р. Пчиња (мешана шума);

7. Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација);

8. Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума);

9. Старо Нагоричане / Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Јачинце (ниска вегетација);

10. Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација);

11. Василево 1 – с. Сушево (грмушки и ниска вегетација);

12. Василево 2 – с. Добрашинци (грмушки и ниска вегетација).

ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА (5):

1. Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева);

2. Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума);

3. Струмица – с. Баница и населба Софилари (висока трева);

4. Карбинци – с. Јунузлија (шума);

5. Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева).

ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ (16):

1. Сарај 1 – с. Семениште (стрниште и гранки);

2. Сарај 2 – с. Паничари (сува трева);

3. Гази Баба – с. Трубарево (стрниште, грмушки и сува трева);

4. Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија);

5. Кривогаштани – кај депонијата (сува трева и грмушки);

6. Струмица – м.в. Три Води (ниска вегетација и мешана шума);

7. Василево – с. Василево (ниска вегетација);

8. Струга 1 – с. Калишта (ниска вегетација и ѓубриште);

9. Струга 2 – с. Октиси (депонија);

10. Штип – кај м.в. 9-ти км (сува трева);

11. Карбинци – с. Радање (стрниште, сува трева и штала);

12. Куманово 1 – н. Бедиње (ниска вегетација);

13. Куманово 2 – с. Табановце (сува трева);

14. Куманово 3 – ул. Никола Тесла (сува трева);

15. Куманово 4 – с. Тромеѓа (сува трева);

16. Теарце – с. Непроштено (сува трева

За ваквата алармантна состојба со пожарите СДСМ подолго време предупедува. Од таму велат дека додека премиерот Христијан Мицкоски се обидува да го редефинира значењето на зборот патриотизам, во две години од неговата власт преку 20% од вкупната површина на шуми и пасишта се претворени во пепел.

„Само изминатата седмица активни се преку 100 пожари на територија на целата држава. Втора недела се активни пожарите во општина Василево, општина Радовиш и општина Берово. Планината Готен речиси е целосно опустошена.Пожари има и во Прилеп, Македонски Брод, Штип, Зелениково, Желино, Струмица, Шуто Оризари и Карбинци, Куманово, Липково, Гостивар, Нагоричане, Росоман. Во пожари гори цела Македонија“, велат од СДСМ.З

Тие прашуваат дали и ова е дел од патриотскиот план на Мицкоски?

„Со кое лице Мицкоски зборува за патриотизам откако ја остави државата без соодветна опрема за справување со пожари. Лани Мицкоски ветуваше целосна ревизија и модернизација на системот за противпожарна заштита. Она што го гледаме денес е целосна деградација на тој систем. Наместо нови возила, владата на ВМРО-ДПМНЕ за 7 милиони евра набави службени мобилни телефони. Наместо нови противпожарни авиони, вработување на пилоти, владата на ВМРО-ДПМНЕ патриотски троши милиони на приватни авиони, хотели, морска храна, папаја, манго. Наместо вработување на пожарникари, владата на Мицкоски составува списоци во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ за вработување во државните институции.

„Каков е тој патриотизам ако за една година со прст не си мрднал да ја одбраниш државата од огнената стихија во која изгореа околу 20% од шумите и пасиштата? Каков е тој патриотизам кога во две години во пожари животот го загубија 70 луѓе? Не е патриотизам да ги оставиш луѓето сами да се справуваат со пожарите. Тоа е предавство, порачаа од СДСМ“, велат од СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, пак, пожарите, на овие екстремно високи температури, не се проблем само во Македонија, туку целиот регион и држави членки на Европската Унија се соочуваат со огнени стихии.

Од партијата на Мицкоски додаваат дека дополнително, освен тропските температура, во државата сериозен проблем претставува намерно подметнувањето пожари.  Но, и покрај се, борбата со пламените јазици продолжува со сите материјални и човечки ресурси, службите и пожарникарите се постојано на терен и даваат натчовечки напор за да спасат што е можно поголеми површини“, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Во општина Македонски Брод, повторно се шири пламен меѓу селата Црешево, Локвица и Крапа. Станува збор за пожар кој зафаќа деградирана дабова шума и грмушки, а теренот е крајно непристапен. Штипскиот регион се бори со нов пожар помеѓу селата Драгоево и Селце, каде гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева, што ја зголемува опасноста од неконтролирано ширење.

Во општина Желино, огнот беснее меѓу селата Церово и Групчин, каде гори деградирана и нискостеблеста шума, а пожарот се движи по тешко пристапни падини.

Од другите пожари, тројца се ставени под контрола — тоа се пожарите во Грешница и Латово (Македонски Брод) и во Јунузлија (Карбинци). Иако ситуацијата таму е под контрола, надлежните остануваат на терен поради ризикот од повторна активација.

Добрата вест е дека три пожари се целосно изгаснати – во Струмица (место викано Три Води), во село Гумалево (Зелениково) и во Шуто Оризари, каде изгоре дива депонија на улица Брсјачка Буна.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Израел го приведе екипажот на хуманитарен брод, меѓу нив и пратенички од Франција

Следно

ФОТО Мицкоски во Лабуништа: Искрен разговор за состојбите и заедничката иднина

Latest from Blog

ВИДЕО: Пожари беснеат во цела Албанија – Најкритично на југот, се евакуираат жители и туристи

Загрижувачка е ситуацијата со пожарите во Албанија, каде има пожари на речиси целата територија, но најкритично е на југот каде се евакуирани жители и туристи. Според надлежните во изминатите 24 часа се

Алаба си оди од Реал Мадрид

Австрискиот дефанзивец како слободен играч, пристигна во летото 2021 година од Баерн за да го замени Серхио Рамос и веднаш се претвори во клучен човек во системот на Карло Анчелоти кој ги
Go toTop